Moj НРП

Фото

Видео

Немаме резервна планета

 - Колку вредат чистиот воздух, бистрите планински води, зелените ливади? Имаат ли цена јасното сонце, парчето сино небо, веселата песна на птиците? Што се тоа озонски дупки, глобално затоплување на Земјата и зошто изумираат одредени видови на живи организми? Каде го туркаме светот со своето невнимание и негрижа? И секако најважното прашање: Што можеме ние да направиме?

Ситеовие и многу други прашања се потрудивме да ги одговориме на еден лесен, разбирлив и за децата близок начин преку програмата Немеме резервна планета.

Потребата од развивање и подигање на еколошката свест кај децата од предучилишна и училишна возраст, во услови на транзиција и реформа на речиси сите структури на системот, вклучувајќи го и образовниот систем, се причини кои неминовно доведоа до дизајнирање и реализација на програмата Немаме резервна планета.

Програмата се роди од потребата одредени видувања на светот што нè опкружуваа, одредени животни навики и одредени модели на однесување кон животната средина да започнат да се учат уште од најмалата возраст.

Ова е и мотивот кој нè поттикна на реализација на една ваква програма. Со неа инвестираме во децата и нивното образование како најисплатлива инвестиција за иднината.