Moj НРП

Постигнати успеси и награди

Проектот Немаме резервна планета е препознатлив на национално и интернационално ниво.

 Тоа го потврдува и добивањето на награда од Министерството за образование во 2004 година. Во 2006 година ОХО доби награда од град Скопје за невладина организација која дала најголем придонес во областа на заштитата на животната средина. Во 2007 година следеше првата награда од Министерство за животна средина и просторно планирање за достигнувања во заштитата и унапредувањето на животната средина во областа образовни и информациски активности. Во 2008 година ОХО повторно ја доби наградата од град Скопје за најголем придонес во областа заштита на животната средина.

Ефекти од програмата
• Во 18 основни училишта се формираа еко-секции кои директно влијаат на подобрувањето на состојбата во и надвор од училиштето.
• Програмата ги инспирира и градинките да се вклучат во неа, да ги користат дидактичките материјали и да поттикнуваат еко-акции и за најмладата популација.
• Мултиетничка соработка на децата и наставниците со различна етничка и верска припадност користејќи ја екологијата како алатка за премостување на интеркултурните разлики.
• Наставниците и учениците се поттикнати и охрабрени да иницираат еко-акции во своите училишта.
• Се поттикна соработката помеѓу училиштата, родителите, општините, локалните медиуми, невладините организации и бизнис секторот за заедничко решавање на заедничките проблеми.
• Учениците заземаат активна улога како во своите училишта така и во своите локални заедници.
• Се придонесе за збогатување на наставата со дидактички материјали и активни содржини.
• Програмата придонесе во развивање на квалитетот на интерактивната настава со нов пристап и единствен и забавен начин на комуникација.
• Се активира пошироката заедница.
• Придонесе за развивање на нови вештини како за учениците така и за наставниците кои се во согласност со современите текови и кои ќе овозможат нови посвесни и поспособни генерации.
• Со своите проекти за еко-училишта овозможи и финансиски заштеди на училиштата и на заедниците.
• Се овозможи сите основни и сите предучилиштни установи да работат на темата екологија со соодветни дидактички материјали и обуки кои водат кон приспособување на екологијата како вредност и можност за осамостојување и самоиницијативност.
• Успеа да ги инволвира и родителите во процесот на еколошкото воспитување.