Moj НРП

Млади репортери

Со цел да се опфатат сите возрасни групи од задолжителното образование во Р.Македонија, вклучувајќи го и средното образование, но истовремено и да се стави акцент врз едукативната компонента на овие возрасни групи и учениците да се вклучат во самостојни истражувачки проекти на одредени теми од животната средина, решивме да ја спроведеме програмата „Млади репортери за животната средина”. Програмата е наменета за средните училишта и со неа се овозможува учениците да станат активни учесници во својата едукација и да истражуваат голем број теми од областа на животната средина. Покрај спроведувањето на програмата Еко-училиште и четирите еко-стандарди во Вашите училишта, програмата „Млади репортери” претставува добра можност за активно вклучување на учениците во истражувачки активности на одредени теми од областа на заштитата на животната средина.

< >
1/2