Moj НРП

Учење за шумите

Целта на програмата Учење за шумите е да се подигне свеста и знаењето за клучната улога која шумите ја имаат во одржливиот развој на планетата Земја. Програмата се заснова на функциите кои шумите ги имаат во секојдневниот живот: културна, еколошка, економска и социјална.
Преку интерактивни методи на работа се шири еколошката едукација имајќи ги предвид шумите и сите нивни вредности кај децата низ целиот свет преку поттикнување на акција, партиципативни и позитивни методи на работа кои се содржат во оваа програма.
Оваа програма го поддржува учењето за шумите со охрабрување на учениците и наставниците кон директно искуство во шумата и поврзување на учењето во училница со учењето надвор во шумата.

Но, најважната цел на оваа програма е да се потикнат децата и нивните наставници да научат за шумите  употребувајќи ја шумата како природна средина за учење.