Moj НРП

ОХО влезе во Меѓународната мрежа ФЕЕ

ОХО влезе во Меѓународната мрежа ФЕЕ

Од јуни 2007 година ОХО влезе во Меѓународната мрежа на организации наречена ФЕЕ (Фондација за еколошка едукација) која постои од 1981 година со цел да ја подигне свеста за заштитата на животната средина и да направи ефективни промени во однесувањето на човекот преку едукација. И двете цели се насочени кон долг и одржлив развој и опстанок на планетата Земја.

ОХО е национален координатор на оваа програма во Република Македонија за сите заинтересирани училишта кои сакаат да бидат дел од оваа програма.

ОХО им помага со соодветни обуки и консултации на заинтересираните училишта. Исто така, ОХО како национален координатор има задача да го следи напредокот на училиштата и истите да ги наградува.

Како член на интернационалната организација ФЕЕ, ОХО  се стекнува со правото да ги спроведува сите програми на истата. Тука ќе се спомнат програмите Како да се стане еко-училиште и прграмата Млади репортери за животната средина. Програмата Како да се стане еко-училиште се спроведува од страна на 52 земји од целиот свет. Програмата Млади репортери за животната средина е спроведувана од страна на 22 земји од целиот свет.
Со членството во интернационалната мрежа, училиштата и градинките имаат можност да учествуваат во интернационални натпревари, проекти и да се вклучуваат во заеднички проекти со училишта/градинки кои се дел од интернационалната мрежа на еко-училишта.