Moj НРП

Конкурси

Еко-училиште / Еко-градинка

Ве молиме внимателно да ја пополнувате апликацијата за електронското пријавување за ниво на еко-училиште/еко-градинка со внесување точни податоци. Секаде каде што имате опција да прикачите прилог можете да прикачите само ЕДЕН документ (word, excel, jpg или pdf-се дозволените формати), затоа внимавајте во истиот да бидат сите барани податоци. Бараните документи и податоци треба да бидат соодветни на реализацијата на Програмата во учебната 2013/2014 година. Електронското пријавување можете да го направите само еднаш (без враќање назад и зачувување) и тоа со пополнување на сите полиња и прикачување на сите барани прилози. За сите прилози препорачливо е да ги користите документите за реализација на Програмата кои можете да ги превземете од линкот подоле: ДОКУМЕНТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА

Училиштата/градинките можат да аплицираат за едно од нивоата на наградување исклучиво електронски на оваа страна најдоцна до 15.10.2014, до 24:00 часот. После оваа време електронското пријавување ќе биде затворено и нема да можете ниту да се пријавувате, ниту да додавате прилози.

Забелешка: Училиштето/градинката може да аплицира само за едно ниво на наградување од Програмата. Доколку согласно условите не ги исполни критериумите за нивото за кое аплицира, ќе има можност повторно да аплицира следната учебна година. Училиштата/градинките кои беа наградени со сребрено ниво и бронзено ниво на конкурсот во 2013 година имаат право оваа година да се пријават за ниво на зелено знаме доколку ги исполнуваат соодветните услови и критериуми. Истовремено, се поттикнуваат училиштата и градинките кои се стекнале со одреден статус од Програмата во учебната 2012/2013, повторно да аплицираат на овогодинешниот конкурс.

Важно: За училиштата/градинките кои ќе се пријават за зелено знаме, ќе бидат извршени мониторинг и евалуација од страна на комисијата за наградување.

Училиштата/градинките на кои ќе им биде одобрена апликацијата за некое од нивоата на наградување, ќе треба во рок од 10 дена по одобрувањето (официјално писмено известување добиено од ОХО), да ги уплатат финансиските средства за нивото за кое аплицирале.

Важно: Општината во која се наоѓа училиштето/градинката, треба да има платено годишна членарина за истото. Годишната членарина е различна за секое од трите нивоа на наградување: 100 евра за зелено знаме, 75 евра за сребрено ниво и 50 евра за бронзено ниво. Оваа ставка се однесува само на градинките и основните училишта. Средните училишта издвојуваат финансиски средства за годишна членарина од буџетот на училиштето.

Училиштата/градинките кои ќе бидат наградени за нивото за кое аплицирале ќе бидат известени преку официјалната е-пошта на Програмата: eko-mreza@mon.gov.mk , најдоцна до 15.11.2014 година. Училиштата/градинките кои ќе добијат зелено знаме ќе имаат можност да аплицираат за финансиска поддршка за реализација на еколошки проекти.

За дополнителни прашања, користете ја исклучиво електронската комуникација (е-пошта: konkurseu@oxo.org.mk ). Ве молиме без телефонски јавувања.

Здружението на граѓани ОХО го задржува правото да не даде образложение за училиштата/ градинките кои не биле наградени.

Изберете градинка или училиште


 

Изберете ниво за кое аплицирате за Вашето училиште/градинка