Moj НРП

7 ноември - Светски „Ден на акција“

7 ноември - Светски „Ден на акција“

Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) на 07.11.2012 година организира светски „Ден на акција“ на меѓународно ниво за сите училишта и градинки кои ја спроведуваат програмата Еко-училиште и Еко-градинка. 
За таа цел поканети се сите училишта и градники да се вклучат во акцијата со тоа што ќе одберат една или неколку еколошки теми на кои ќе работат (енергија, вода, биодиверзитет, отпад, одржлив развој итн..) и според тоа ќе осмислат еколшка акција притоа користејќи ја методологијата на седумте чекори (на пр.собирање на отпад во училиштето или пошироката околина, реализирање на акција за рециклирање на хартија, реализација на кампања за подигнување на свеста за заштеда на енергија во училиштето или градскиот плоштад, организирање на трка со велосипеди, организирање маскембал со материјали кои можат повторно да се реупотребат, да засад дрвја во училиштето итн). 
Програмата Еко-училиште/еко-градинка е интернационална програма на ФЕЕ која се спроведува во 52 земји од целиот свет. Таа е насочена кон менаџирање на воспитно-образовните институции на начин кој не и наштетува на животната средина.