Moj НРП

Наградени градинки, основни и средни училишта на ниво на зелено знаме, сребрено и бронзено ниво

На објавениот Конкурс за наградување на градинки, основни и средни учлилишта вклучени во првата и втората година од имплементацијата на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (во понатамошниот текст Програматa) заклучно крајниот рок на електронската апликација се пријавија:
• 4 градинки за зелено знаме,
• 1 градинка за сре6рено ниво,
• 4 средни училишта за зелено знаме 
• 1 средно училиште за сребрено ниво
• 5 основни училишта за бронзено ниво, 
• 20 основни училишта за зелено знаме и
• 5 основни училишта за сребрено ниво 

Одлуката за наградување на градинките, основните и средните училишта кои навремено аплицираа ја донесе Комисија во состав:

• претставник од Министерство за образование и наука,
• претставник од Биро за развој на образование,
• претставник од Државен просветен испекторат,
• претставник од Швајцарска агенција за развој и соработка,
• претставник од Министерство за труд и социјална политика,
• претставник од ОХО.

Комисијата првично се водеше согласно наведените услови во Конкурсот, а потоа согласно наведените Критериуми за наградување за секое ниво одделно, односно за зелено знаме, сребрено и бронзено ниво. Училиштата и градинките кои аплицираа за ниво на Зелено знаме, а за кои Комисијата донесе одлука дека имаат соодветни апликации и прилози беа посетени и беше извршен мониторинг на реализацијата на Програмата.

Во прилог е листата на наградените училишта и градинки согасно Одлуката на Комисијата:


 Основно училиште  Општина
Ниво   Забелешка
 Кирил и Методиј  Битола  зелено знаме  √
 Браќа Миладиновци  Илинден
 зелено знаме  √
 Братство единство  Охрид   зелено знаме  Препорака
 Јоаким Крчовски  Крива Паланка  зелено знаме  √
 Климент Охридски  Македонски Брод  зелено знаме  √
 Тодор Јанев   Чашка
 зелено знаме  √
 Тошо Велков Пепето  Кавадарци  зелено знаме  √
 Трифун Пановски  Битола
 зелено знаме  √
 Ванчо Прќе  Штип
 зелено знаме  Препорака
 Климент Охридски  Драчево
 зелено знаме
 Препорака
  Ѓорѓија Пулевски
 Скопје   сребрено 
 √
 Дане Крапчев
 Скопје 
 сребрено 
 √
Средно Училиште Општина  
 Ниво
 
 Боро Петрушевски  Скопје
 зелено знаме  √
 Ванчо Прќе  Виница
 зелено знаме
 √
 Искра    Штип
 сребрено
 √
 Градинка  Општина  
 Ниво 
 
 Гоце Делчев  Илинден
 зелено знаме
 √
 Гоце Делчев  Пробиштип
 зелено знаме
 √
  Раде Ј. Корчагин
 Скопје
 зелено знаме
 √
Срничка  Аеродром сребрено  √

ЕКО-САМИТ:

Официјалното прогласување на  градинките, основните и средните училишта кои се наградени со зелено знаме, сребрено или бронзено ниво ќе биде на традиционалниот четврти по ред ЕКО-САМИТ кој ќе се одржи на 21. и 22. февруари 2013 година во  хотел БЕЛВЕДЕРЕ, Охрид. 

ЕКОЛОШКИ ПРОЕКТ:

Градинките, основните и средните училишта кои се наградени со зелено знаме и сребрено ниво имаат право да аплицираат за финансиска поддршка за реализација на еколошки проект. Проектот треба да нуди иновативни решенија и методи за подобрување на животната средина. Проектот треба да ги задоволува следниве критериуми:
• Иновативност
• Одржливост
• Акции во согласност до четирите еко-стандарди
• Во интерес на поширокта заедница
• Во согласност со методологијата на 7 чекори еко-менаџмент
• Модел на кофинансирање и од други извори-општина, бизнис сектор, НВО и сл.