Moj НРП

Резултати од интернационалниот конкурс од кампањата „Помалку отпад“

Резултати од интернационалниот конкурс од кампањата „Помалку отпад“

На 1.ноември 2013 година, Здружението за едукација комуникација и консалтинг ОХО се вклучи во интернационалната кампања „Помалку отпад“, која се спороведува во 10 земји од целиот свет.

Кампањата е организирана од страна на Фондацијата за еколошка едукација (FEE) и компанијата Вригли (Wrigley Company), додека во Македонија, Здружението на граѓани ОХО како членка на ФЕЕ, ја спроведе кампањата како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Како дел од интернационалната кампања се распиша конкурс на национално ниво од програмата Млади репортери за животната средина во средните училишта на темата отпад. Учениците кои се пријавија на конкурсот, изработија новинарски истражувања (статија, фотографија и видеа) користејќи го пристапот проблем – решение и ги промовираа своите дела во медиумите.

Националниот конкурс заврши на 22. април 2013 година и на него учествуваа 29 средни училишта од Република Македонија со 54 новинарски дела. За целите на конкурсот беше формирана комисија од новинари и фоторепортери кои ги избра најдобрите статии, видеа и фотографии.

Победничките дела на национално ниво беа испратени на интернационалниот натпревар каде имаа можност да се натпреваруваат со учесници од 10 земји.

На наше големо задоволство, на интернационалниот натревар од кампањата „Помалку отпад“, тројца ученици од Македонија го освоија второто и третото место во две категории:

- Категорија видео: III-то место, Стефан Митров, СЕТУ. „Михајло Пупин“ од Скопје

- Категорија фотосторија: II-то место Гошева Павлинка и Димова Милица, СОУ. „Гоце Делчев“, Валандово

Победниците на интернационалниот натпревар ќе бидат соодветно наградени со награди кои ќе им помогнат во нивните понатамошни истражувања, како и со сертификати за учество во кампањата за нив и за нивните пнаставници-ментори кои ги помагаа во создавањето на новинарски дела.

На сите средношколци им се заблагодаруваме за активното учество и придонесот кон подигнување на свеста на пошироката заедница на темата намалување на отпадот.

Со почит,

Тимот на ОХО