Moj НРП

Trash Fashion Macedonia 2013

Trash Fashion Macedonia 2013

Задоволство ни е да ве информираме дека на 05.Јуни 2013год. (среда) во Младинскиот Културен Центар- Скопје, со почеток во 17.00 часо по трет пат ќе се одржи Trash Fashion Macedonia 2013. 

На заедничко големо задоволство за прв пат Trash Fashion Macedonia 2013 ќе се пренесува во живо на интернет страниците www.idividi.com.mk и www.nrp.org.mk . 
Сега, сите од цела Македонија ќе можете да го следите настанот онлајн.

Trash Fashion Macedonia e натпревар на модни креации изработени со редизајнирани материјали од отпад кои ги изработија тимови од 47 средни училишта во Македонија.  

Оваа година ќе видиме уште поразновидни дизајни: фустани од тоалетна хартија, корсет од бакарни жици, чанта од компјутерска тастатура и обувки од моливи и копчиња, се само дел од материјалите кои учениците ги користеа во изработка на креациите. 

Откако петчленото жири ќе ги прогласи првото, второто и третото место ќе има забава со една од најпознатите македонски музички групи, која ќе остане изненадување за сите присутни. 
Целта на овој настан е подигнување  на  општествената свест за значењето и зачувувањето на природата, со намалување на отпадот преку неговата реупотреба.

Покрај учениците и нивните ментори на настанот ќе присуствуваат високи претставници од меѓународни инситуции и од успешни македонски компании.
Trash Fashion Macedonia 2013 е во организација на Здружението на граѓани ОХО и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка   и Министерството за образование и наука на Република Македонија.