Moj НРП

Патот до Интеграцијата

Од Немаме резервна планета до  „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем во Република Македонија“.

Oд декември 2009 година Министерството за образование и наука врз основа на Заклучоци од Владата на Република Македонија за:
a) Подигнување на степенот на еколошките активности во градинките и училиштата од основно и средно образование;
б) Вклучување на теми од екологија и животна средина во наставни програми по соодветни предмети;
в) Развој на нови медиумски производи за учество на учениците во процесот на еколошкото образование.
потпишува Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и ја спроведува Програмата Немаме резервна планета под ново име „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Главната цел на Програмата
е успешно спорведување на теоријата во дневната пракса при работа на воспитно-образовните институции со што би се влијаело на подигање на еколошката свест кај сегашните и идните генерации, на одржлив еколошки и финансиски развој и заштеди не само за градинките и училиштата, туку и на сите вклучени како што се општините, Министeрството за образование и пошироката јавност. За успешна реализација на Програмата која доведува до конкретни и мерливи резултати потребна е соработка и инволвирање на сите институции, невладини организации, медиуми и поединци кои се вклучени во воспитно- образовниот процес.