Moj НРП

Целни групи

Програмата ќе ја покрие целата територија на Република Македонија вклучувајќи ги сите предучилиштни инститиции  - 52 централни градинки (200 вклучувајќи ги подрачните), сите основни училишта  - 360 централни училишта (1100 вклучувајќи ги подрачните), сите училишта за средно образование и сите 85 општини.
Имајќи го предвид напредувањето и ширењето на програмата, идентификувани се следниве целни групи:

1. Деца и ученици од 3 до 18 годишна возраст (од предучилиштна возраст до    средно образование)
2. Наставници, педагози и директори на училиштата и предучилиштните институции.  
3. Општините и одговорните лица (референти) за образование и прашања од животната средина во заедницата.
4. Родителите кои ќе го пренесат своето знаење врз децата и ќе влијаат врз нивниот однос кон заштитата на животната средина или родители врз кои децата ќе влијаат кога станува збор на тема заштита на животната средина.
5. Студенти од Институтот за педагогија кои ќе бидат идни наставници и кои можат да помогнат во применувањето на еколошкото образование во училиштата.

Како програмата ги остварува своите цели

Исто така, вреди да се знае дека пристапот и стратегијата на оваа програма се изградени врз стандардизиран, добро познат и во пракса веќе докажан пристап; меѓународната програма за еко – училишта, призната од ОН, во училиштата во Република Македонија.

Оваа програма е многу повеќе од само дискутирање прашања од животната средина во училниците. Таа е демократска и вклучителна програма која на учениците им нуди одлична можност да го искусат концептот на активно граѓанство и да донесуваат одлуки за подобрување на нивната училиштна како и домашна средина. Се стреми да ја издигне еколошката свест кај учениците, вработените и заедниците како целина и преку ова да ја подобри училиштната средина. На училиштата им се отвора можноста да градат врски со други училишта, на државно и меѓународно ниво, што има дава шанса да споделат идеи за еколошкото образование како и да создадат простор за културна размена.

За таа цел програмата пристапува до своите целни групи на следниов начин:

1.    Снабдување со теоретски податоци од областа на заштитата на животната средина за образовните институции: преку
-    Континуирана продукција  на едукативни материјали, дидактички средства и игри за предучилишна возраст, основни и средни училишта.
2.    Примена на теоретското знаење во пракса преку:
-    Воведување на 7-те чекори еко-менаџмент во училиштата и градинките
-    Воведување на 4-те еко-стандарди или стандарди оддржлив развој во училиштата и градинките
-    Креирање и спроведување на Еко-проекти во училиштата и градинките за решавање на проблеми од областа на заштита на животната средина
-    Учество во еко-кампањи поттикнати од програмата
-    Создавање на македонска мрежа на еко-училишта
-    Вклучување на македонските еко-училишта во Меѓународната мрежа на еко-училишта и учество во Меѓународни проекти и натпревари
3.    Развивање и градење накапацитетот на сите вклучени во програмата преку:
-    Спроведување обуки за директори на градинки, основни и средни училишта за еко-менаџмент на образовните институции,
-    Спроведување на обуки на претставници на педагошко-психолошките служби за интегрирање на екологијата во наставните предмети
-    Спроведување на обуки за наставници-координатори за работа со ученици и младинци на изготвување и спроведување на еко-проекти  
-    Реализирање на презентации и работилници со одговорните за образование во општините за нивно инволвирање и реализирање на програмата.
-    Реализирање на презентации и обуки за студенти при Институтот за педагогија на Филозофскиот факултет за навремено информирање и вклучување на студентите во реализиција на Програмата.
4.    Вклучување на пошироката јавност во воспитно-образовниот процес на темата заштита на животната средина преку:
-    Детска телевизиска емисија Пет плус , емисија за растење на деца и родители во продукција на ОХО која се емитува секој ден на ТЕЛМА телевизија на македонски јазик и на АЛСАТ телевизија на албански јазик.
-    Спроведување на видео кампањи: „Немој да пушиш оти ме гушиш”, „12 начини да ја спасиш планетата Земја”, „Велосипетко”, „Штеди струја”, „Секогаш е во мода да се штеди вода”, „Сонцето кога пече, под сенка да играм мама ми рече” и многу други.
-    Спроведување на еко-кампањи во училиштата на разни теми од областа на заштитата на животната средина кои се поддржуваат преку емисијата Пет плус.
-    Изработка на цртани филмови на темите: „Ози Озон-чувар на нашата планета”, „Зошто треба да штедам вода”, „Зошто треба да се хранам правилно”, а уште многу други наслови следат во наредните години.
-    Креирање на веб портал и видео игри