Moj НРП

Обезбедување на оддржливост на програмата

Со цел да се обезбеди оддржливост на програмата на долги стази, покрај редовните мониторинг посети од страна на ОХО и самоевалуациите и надворешните евалуации на градинките и училиштата за работа на програмата, оддржливоста ја обезбедуваме преку:
- Воведување на програмата во годишните програми на училиштата
- Внесување на 4-те еко-стандарди и очекуваните резултати и индикаторите за успех на програмата во националниот  извештај од индикаторите за квалитет на работата на училиштата.
- Потпишување на меморандуми за соработка на градинките и училиштата  со Општините за спроведување и поддршка на програмата интеграција на еколошкото образование во македонскиот образовен систе.  

Очекуван резултат од програмата
Крајната цел на програмата е да се придонесе кон подобрување на еколошкиот статус на и животните услови во Република Македонија преку институционализирање на еколошкото образование во македонскиот образовен систем.