Moj НРП

Искуства

Регионални и интернационални

Искуства од регионот:
- Во 2000 година проектот Немаме резервна планета се реализираше во Косово.
- Во 2004 година проектот Немаме резервна планета се имплементираше во седум градови во Република Србија.
- Во 2008-2009 година десет основни училишта од Република Србија се вклучија во македонската мрежа на еко-училишта.

Интернационални искуства:
Во 2007 година ОХО, благодарение на програмата Немаме резервна планета, влезе во Меѓународната мрежа на организации ФЕЕ или Фондација за еколошка едукација (www.fee-international.org). Со ова членство ОХО станува национален координатор на сите пет програми од оваа фондација. Еко-училиште е една од програмите на оваа фондација, исто така и Младри репортери на средните училишта, која како национален координатор ОХО ја реализира според потребите на нашата земја. Ова членство, како за ОХО така и за образовните институции, нуди многу можности за соработка на интернационално ниво и е можност за вклучување на институциите во глобалните напори за зачувување на планетата Земја.
ФЕЕ е невладина, непрофитна организација која промовира одржлив развој преку еколошката едукација. ФЕЕ е главно активна преку нејзините пет еколошки програми за образование: Сино знаме, Еко-училипте, Млади репортери за животната средина, Учење за шумите и Зелен клуч.
Програмите Еко-училиште и Млади репортери за животната средина бројат 50 земји членки меѓу кои и Македонија преку програмата Немаме резервна планета.