Moj НРП

Награди

- 2006 година прва награда од град Скопје за најголем придонес во областа на заштитата на животната средина во рамките на акцијата „Јас се грижам за моето Скопје”.
- 2006 година прва награда од Министерство за заштита на животната средина и просторно планирање за достигнувања во заштитата и унапредувањето на животната средина во областа образовни и информациони активности.  
- 2008 година награда од град Скопје за најголем придонес во областа на заштита на животната средина.
- Програмата Немаме резервна планета стана дел од македонскиот образовен систем и обезбеди место во кругот на интернационалните организации кои сериозно се занимаваат со оваа иницијатива. Програмата се прошири и во регионот како добра пракса која дава пример како една локална иницијатива креирана во и од Македонија може да делува и надвор од границите на својата држава и да придонесува во глобалните напори за зачувување на планетата Земја.
- Врз основа на заклучоците од Владата на Република Македонија за вклучување на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, Министерството за образование и наука потпиша Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка за поставување на целокупната програма Немаме резервна планета на институционално ниво. Со тоа, од јануари 2010 година, програмата Немаме резервна планета започна да се имплементира во редовната настава во предучилишното, основното и средното образование, под насловот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”.