Moj НРП

Одржан третиот еко камп на планината Голак, Делчево

Одржан третиот еко камп на планината Голак, Делчево

Во периодот помеѓу 11.06.-21.06.2013 година на планината Голак, Делчево, се одржаа два еко-кампа. На првиот и вториот еко-камп учествуваа 50 ученици и 10 наставници од: Штип, Пробиштип, Кочани, Делчево, Скопје, Битола, Крушево, Кавадарци и Крива Паланка. На двата еко-кампа учествуваа и шест средношколци од училишта кои ја работат програмата „Млади репортери за животната средина“. 

Еко-кампот се состоеше од четири дена исполнети со еколошка едукација, спортски активности и забава за учесниците. Неговата цел беше учениците да научат зошто и како треба да се грижат за животната средина и природата, но и за себе и за своето здравје, практикувајќи спортски активности.
Истовремено, целта беше да научат дека наставата во природа е успешен метод кој може да се примени во процесот на еколошката едукација и наставата воопшто.
Двата еко-кампа се дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ и проектот „Едукација за зачувување на природата во брегалничкиот регион“.