Moj НРП

ШТО Е ЕКО-УЧИЛИШТЕ?

Еко-училиште е училиште кое ја усвоило заштитата на животната средина како една од основните вредности за управување и раководење.

Училиштето покрај тоа што ги воспитува и едуцира учениците и децата на темата заштита на животната средина, ги едуцира и сите вработени во институцијата и пошироката заедница. Еко-училиштата теоретското знаење го применуваат во пракса и при управувањето и раководењето ја земаат предвид состојбата и иднината на  животната средина.
Седумте чекори еко-менаџмент, четирите еко-стандарди или стандардите за одржлив развој кои доведуваат до конкретни и мерливи резултати за училиштата и за пошироката заедница, како и деветте теми од областа на заштитата на животната средина се водечки принципи. .