Moj НРП

Интернационално собрание на Еко-училиште

Интернационално собрание на Еко-училиште

ОХО- Здружението за едукација, комуникација и консалтинг како национален оператор на интернационалната програма Еко-училиште на светската Фондација за еколошка едкација (Foundation for Environmental Education-FEE) е домаќин на овогодинешното интернационално собрание на националните оператори (National Operators Meeting-NOM). Интернационалното собрание NOM 2013 секоја година се одржува во различна земја од членките на светската Фондација за еколошка едукација. Оваа година на наше големо задолволство овој голем настан ќе се одржи во Охрид, од 17. до 20. октомври 2013 година во хотел Белведере и на него ќе присуствуваат 56 национални оператори на програмата Еко-училиште од 57 земји во светот.

Ве покануваме на отварањето на интернационалното собрание на националните оператори на пограмата Еко-училиште на 18. Октомври 2013 година (петок) со почеток во 09:00 часот во хотел Белведере. На свеченото отварање поздравно обраќање ќе имаат:
- г-ѓа. Елена Ивановска, раководител на секторот за основно и средно образование во Министерството за образование и наука,
- г-дин. Пеце Талески, извршен директор на ОХО и
- г-ѓа. Лесли Џонс, претставник за Еко-училиште во Одборот на директори на светската Фондација за еколошка едукација (ФЕЕ).

Националните оператори покрај работните сесии, ќе ги посетат детската градинка „Јасна Ристеска“, основното училиште „Св. Климент Охридски“ и гимназијата „Св. Климент Охридски“. На 18. октомври 2013 год. од 19:30-22:30 часот ќе се одржи национална вечера на која гостите ќе имаат можност да уживаат во македонските специјалитети, танци и култура, а ќе ги поздрави г-ѓата. Гордана Коњановска, претседател на совет на општина Охрид. (во прилог ви праќаме агенда)

Порграмата Еко-училиште се реализра на национално ниво во сите градинки и училишта во Република Македонија преку Министерството за образование и наука како дел од едукативната програма „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.