Moj НРП

Повик за вклучување на средните училишта од Р. Македонија во кампањата „Помалку отпад“

Повик за вклучување на средните училишта од Р. Македонија во кампањата „Помалку отпад“

Како дел од активностите на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (понатаму Програмата) која се спроведува во сите средни училишта во РМ, Ве повикуваме да се вклучите во интернационалната кампања „Помалку отпад“.
Кампањата „Помалку отпад“ од програмата Млади репортери за животната средина е интернационална кампања во која се вклучени 15 земји; истата по втор пат се спроведува во Р.Македонија и е наменета за средните училишта. Таа е поддржана од Компанијата Вригли и Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) и ја спроведува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО и МОН. 
Официјален почеток на кампањата „Помалку отпад“ на интернационално ниво е 22 јануари 2014 година.
Целта на кампањата „Помалку отпад“ е да се намали отпадот и да се влијае врз долгорочна промена во однесувањето кај учениците и пошироката јавност. Учениците од средните училишта, како дел од програмата „Млади репортери за животната средина“ кои ќе учествуваат во кампањата „Помалку отпад” треба да истражуваат локални проблеми поврзани со отпад, на пример влијанието на отпадот врз локалниот животински и растителен свет или човечкото здравје, производите или амбалажите кои луѓето најчесто ги фрлаат итн. Откако ќе се истражи проблемот треба да изработат новинарски дела како што се статија, фотосторија или видео записи. Новинарските дела треба да вклучуваат предлог решенија за намалување на отпадот.
 
Учениците се поттикнати да ја издаваат и/или шират нивната работа на веб-страницата на кампањата и преку други медиуми (социјални мрежи, блогови,печатени и ТВ медиуми итн.). Ве повикуваме да се вклучите во кампањата „Помалку отпад“ и дa ги поддржите активностите на учениците од средните училишта од Вашата општина. На следниов линк можете да се информирате за сите активности на кампањата:
http://yre-litterless.org/#
За сите информации конркатирајте ја Васе Ачкоска, Програмски координатор на Програмата и национален координатор,  на следнава е-пошта: mladireporteri@oxo.org.mk , телефон за контакт: 071/349 070.