Moj НРП

НАСОКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СЕДУМТЕ ЧЕКОРИ И ЕКО-СТАНДАРДИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

За следење на реализација на точките на акција од еко-стандардите, како и спроведување на секој од чекорите, користете ги Анексите од прирачникот „Како да се стане еко-училиште”. Изработената Годишна програма за работа на училиштето која го вклучува интегрираното планирање по предмети најдоцна до 1. октомври задолжително треба да се испрати до канцеларијата на Програмата по електронски пат на следната е-пошта: eko-mreza@mon.gov.mk.

Формирање на еко-одбор
1. Директорот го иницира формирањето на еко-одборот. 
2. Директорот одредува наставник-координатор на Програмата.
3. Членовите на еко-одборот избираат претседател на еко-одборот, кој е задолжен за редовно административно водење на еко-одборот.
4. Претседателот на еко-одборот ги свикува седниците на еко-одборот и води записници.

Анализа на состојбата на животната средина
1. Анализата на состојбата на животната средина со помош на Анексите од прирачникот „Како да се стане еко-училиште” ја прави тим составен од наставник-координатор на Програмата и еко-одборот.
2. При изработка на Анализа на состојбата треба да се водите според воспоставените еко-стандарди.
3. Изработената Анализа ја дава состојбата од која се гледаат приоритетите на училиштето за изработка на Планот на активности.

План на активности
1. По резултатите од Анализата на состојбата тимот составен од наставник-координатор на Програмата, еко-одборот, одговорните на стручните активи, педагогот, психологот, директорот и учениците заеднички изработуваат План на активности со цел да се определат приоритетите и акциите кои треба да се преземат во работната година. 
2. При изработка на Планот на активности треба да се водите според воспоставените еко-стандарди.
3.  Планот на активности се презентира пред еко-одборот.
4. За спроведување на Планот на активности е одговорен директорот на училиштето и тој делегира обврски за реализација на истиот. 
5. На наставнички совет се усвојуваат сите делегирани активности.
6. Учениците од еко-секцијата исто така се информираат за активностите предвидени со Планот на активности. 
7. Како пример за изработка на Планот на активности можете да се послужите со Анексот даден во прирачникот „Како да се стане еко-училиште”.

Следење и евалуација на напредокот
1. Следењето и евалуацијата на Програмата во училиштето ја прави директорот заедно со тимот составен од наставник-координатор на Програмата и еко-одборот. 

Поврзување со наставната програма
1. Педагогот и психологот заедно со одговорните лица на стручните активи ја интегрираат Програмата во Годишната програма за работа на училиштето.
2. Точките на акција од еко-стандардите како приоритети на училиштето опфатени со Планот на активности, се интегрираат во соодветните наставни програми, според содржините, очекуваните резултати и бројот на часови. 

Информирање и вклучување на целото училиште и пошироката заедница
1. Директорот определува вработени кои ќе ги презентираат резултатите и постигнувања на училиштето пред родителите, учениците, сите што помогнале во реализацијата на Програмата, општината и пошироката јавност. 
2. Директорот на училиштето смислува стратегија за информирање на пошироката заедница за активностите на Програмата. Стратегијата треба да содржи: на која целна група ќе треба да се презентираат активностите, на каков начин ќе се презентира и информира и на кои средства за јавно информирање ќе се презентира и известува. 
3.  Веб-страниците редовно се дополнуваат со нови информации за Програмата.

Создавање на еко-кодекс

1. Координаторот на програмата, заедно со учениците од еко-секцијата изработуваат еко-кодекс или правилник за однесување на сите кои работат, учат, престојуваат и ги користат просториите и дворот на училиштето.