Moj НРП

Повик за вклучување во светскиот „Ден на акција“ 2014

Програмата Еко-училиште е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува во 57 земји од целиот свет. Таа е насочена кон менаџирање на воспитно-образовните институции на начин кој не ѝ наштетува на животната средина. 
Во Република Македонија, Здружението на граѓани ОХО е национален координатор на програмата Еко-училиште и истата, во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата  „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
ФЕЕ, по трет пат, го организира светскиот  „Ден на акција“ на меѓународно ниво за сите училишта кои ја спроведуваат оваа програма.
Овој ден претставува посебна активност каде што училиштата и градинките од целиот свет преземаат еколошки акции со цел создавање поодржлив свет.

За таа цел ОХО, како национален координатор на програмата, повторно Ве поканува да се вклучите и да бидете дел од оваа акција од светски размери преку организирање креативни еколошки акции со кои Вие и Вашите ученици ќе го дадете својот придонес кон заштитата на животната средина. 

Оваа година светскиот „Ден на акција“ треба да се спроведе во периодот 21-27 април.
Темата за овогоднешниот ден на акција е Заштеда на енергија.
Оваа година, преку светскиот ден на акција, Фондацијата за еколошка едукација сака да ги собере и награди најдобрите акции кои довеле до заштеди на енергија.
Комисија, составена од претставници од ФЕЕ, ќе ги одбере најдобрите идеи за заштеда на енергија. Ако е можно, ве молиме внесете ги бројките со вашите заштеди на енергија и СО2, користејќи го калкулаторот за пресметка.  http://eco-schools.org/wda/co2-reports/.
Најдобрите акции ќе добијат награди од вкупна вредност од 3000 УСД од ФЕЕ. 

За да учествувате на овој натпревар, треба да го направите следново: 

- Пријавете  го вашето учество на светскиот ден  на акција најдоцна  до 12.04.2014, на следнава е-пошта: konkurseu@oxo.org.mk
- Регистрирајте се за учество на Светскиот ден на акција и опишете го целиот процес од спроведената акција за заштеда на енергија  на веб-страницата: 
http://eco-schools.org/wda/ 
- Испратете линк од вашата спроведена акција на националниот оператор со назнака: Energy Savings Day Competition, не подоцна од 1 мај 2014.
- Националниот оператор ќе ја избере најдобрата спроведена акција од својата земја и ќе ја испрати во ФЕЕ, не подоцна од 10 мај 2014
- Комисијата од ФЕЕ ќе ги одбере најдобрите три спроведени акции за заштеда на енергија на интернационално ниво
- Резултатите ќе бидат објавени на следнава веб-страница: www.eco-schools.org 
- Трите најдобри училишта ќе добијат награди.


За дополнителни прашања во врска со светскиот „Ден на акција“ обратете се на следнава е-пошта: konkurseu@oxo.org.mk  .