Moj НРП

„Помалку отпад“ 2013/2014

Драги ученици и наставници ментори,

Ве информираме дека на националниот конкурс од програмата Млади репортери за животната средина и кампањата „Помалку отпад“ 2014, се пријавија 38 средни училишта со вкупно 38 новинарски статии, 23 видеа и 71 фотографија. На линкот подоле можете да ги видите и официјалните резултати од двата натпревара.
Се заблагодаруваме за големиот интерес и активното учество на сите средношколци на двата натпревари. Голема благодарност на овие ученици за нивното залагање за подигнување на свеста на пошироката заедница за прашања од областа на животната средина. Им честитаме на учениците и нивните ментори кои ќе имаат можност да учествуваат на двата интернационални натпревари. Се гледаме следната година :)

Izvestuvanje od konkursot Mladi reporteri_Kampanja pomalku otpad_2014

На линковите подолу, можете да ги видите националните победници од двата натпревара.
Натпревар од програмата Млади репортери за животната средина:


Категорија – новинарска статија Stefan Andreevski_SOU_Orde Chopela_Prilep

Категорија – фотографија-фотосторија Tamara Mihajlovska_SOU_Rade Jovchevski_Korchagin_Skopje

Категорија – видео https://www.youtube.com/watch?v=BtyvSjJbVdw&feature=youtu.be

Натпревар од кампањата „Помалку отпад“ 2014

    Категорија – новинарска статија DzansunBukovec_SOU_CarSamoil_Resen
    Категорија – фотографија-фотосторија Anastasija bojkovska_SOU_Nace Bugoni_Kumanovo
    Категорија – видео
https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=fhkXlIqetpQ



Кампањата „Помалку отпад“ од програмата Млади репортери за животната средина е интернационална кампања во која се вклучени 15 земји; истата се спроведува во Р.Македонија, по втор пат и е наменета за средните училишта. Таа е поддржана од Компанијата Вригли и Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) и ја спроведува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.
Програмата „Млади репортери за животната средина“ претставува составен дел од програмата „ Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.