Moj НРП

По четрвт пат во Македонија, избрани најдобрите модели направени од отпад

По четрвт пат во Македонија, избрани најдобрите модели направени од отпад

На 5ти јуни 2014 во Младинскиот Културен Центар во Скопје се оддржа четвртиот по ред Trash Fashion Macedonia.
На настанот се натпреваруваа 45 средни училишта со модни креации изработени со редизајнирани материјали од отпад кои на писта направена од стари водоводни цевки и пропратени со роботизирани аудио-визуелни ефекти се претставија со својот комплетен настап.  
Членовите на жирито во состав Франк Видеркер, регионален советник во Амбасадата на Швајцарија, Александра Младеновска-Костиќ,  директор на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”, Росица Мршиќ - моден креатор, Тони Зен и Цаци Паковска – стилист доделија четири награди:
Наградата за најдобар моден додаток за ланче изработено од стари цд-а ја доби училиштето „Димитрија Чуповски“ од Велес. Третото место го доби моделот „Касилеи“ од училиштето „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, за креација изработена од фискални сметки и корсет од кибрити. Второто место го доби училиштето „Никола Карев“ од Скопје за моделот „Марија Антоанета“ изработен од картони и кутии за јајца. Првото место го освои моделот „Not another princess” од училиштето „Јосип Броз Тито“ од Скопје, изработен од искористени ленти од апчиња и стари крпи. 
Наградниот фонд на Trash Fashion Macedonia го обезбедија партнерите: Стопанска Банка Фабрес, Божиновски и ОХО.  
Македонскиот моден сајт Stylist.mk во рамки на Trash Fashion Macedonia 2014 пред 150 ученици одржа работилница за редизајнирање на стари парчиња облека и модни додатоци и направи street style фотосесија која ќе биде објавена на нивниот сајт. 
Оваа година тимовите за изработка на своите модели, собраа преку 1000 килограми различни видови отпад, односно, реупотребени се околу 2500 капачиња, 500 најлонски кеси, 30 килограми стара хартија, стар електронски отпад и др.
Trash Fashion Macedonia 2014 се оддржа по повод 5-ти jуни - Светскиот ден на животната средина, а оваа година е дел и од настаните на листата на Обединетите Нации – програмата за животната средина UNEP. 
Целта на овој настан е подигнување на општествената свест за зачувување на природата и намалување на отпадот преку негова реупотреба. 
Trash Fashion Macedonia 2014 е во организација на „Здружението на граѓани ОХО,“ и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,“ која се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за образование и наука на Република Македонија.
На следниот линк можете да ги превземете фотографиите од победничките модели: https://drive.google.com/folderview?id=0B2ZcTY3EudPdQmJ2TEwycEJSWEU&usp=sharing  а пак на facebook страницата на TrashFashion можете да ја видите фотосесијата на сите модели посебно: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.846184422077799.1073741828.365164750179771&type=1 

Со почит,  ОХО