Moj НРП

Реаултати од интернационалните натпревари од програмата Млади репортери и кампањата „Помалку отпад“

Реаултати од интернационалните натпревари од програмата Млади репортери и кампањата „Помалку отпад“

На наше големо задоволство ве информираме дека две ученички кои земаа учество во интренационалниот натпревар од кампањата „Помалку отпад“  и програмата Млади репортери освоија две втори места во категоријата најдобра фотографија. 
Големо БРАВО за Тамара Михајловска ученик во средното училиште Раде Јовчевски Корчагин, Скопје за освоено второ место во натпреварот од програмата Млади репортери за животната средина, како и за освоеното второ место во категорија најдобра фотографија/фотосторија на Анастасија Бојковска од средното училиште Наце Буѓони од Куманово.
Се заблагодаруваме на нивното активно учество и придонес кон подигнување на свеста на пошироката заедница на темата заштита на животната средина и намалување  на отпадот.

Во прилог се нивните новинарски дела:
http://mladireporteri.files.wordpress.com/2014/05/tamara-mihajlovska_sou_rade-jovchevski_korchagin_skopje.pdf
http://mladireporteri.files.wordpress.com/2014/05/anastasija-bojkovska_sou_nace-bugoni_kumanovo.pdf

Оваа година, на двата интернационални натпревари  учество земаа 155 новинарски дела од 22 земји.Победниците на двата натпревара беа избрани од страна на интернационална комисија составена од претставници од УНЕСКО, УНЕП, ФЕЕ, Associated Press.
Кампањата „Помалку отпад“ од програмата Млади репортери за животната средина е интернационална кампања во која се вклучени 15 земји; истата се спроведе во Македонија, по втор пат и е наменета за средните училишта. Таа е поддржана од Компанијата Вригли и Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) а ја спроведе Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.
Програмата „Млади репортери за животната средина“ претставува составен дел од програмата „ Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.