Moj НРП

Ден на акција на еко-училиштата од целиот свет

Ден на акција на еко-училиштата од целиот свет

Програмата Еко-училиште е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува во 57 земји од целиот свет. Таа е насочена кон менаџирање на воспитно-образовните институции на начин кој не ѝ наштетува на животната средина. Во Република Македонија, Здружението на граѓани ОХО е национален координатор на програмата Еко-училиште и истата, во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. ФЕЕ, по четврти пат, го организира светскиот „Ден на акција“ на меѓународно ниво за сите училишта кои ја спроведуваат оваа програма.
Оваа година за Светскиот ден на акција ги покануваме учениците  да запеат за одржлив свет. Секоја земја може да испрати по еден национален победник  кој ќе земе учество во интернационален натпревар за најдобро музичко видео  наречен  „Следната генерација“ (International music video competition – “GENERATION NEXT“) и да освои 600, 400 или 200 € за прво, второ или трето место.
Главната цел е да се направи видео за песната „Следната генерација“ , која е создадена од ФЕЕ Норвешка, организација која ја спроведува програмата Еко училиште во земјата.

На линкот подолу ќе го најдете официјалниот повик за Светскиот ден на акција:
http://eco-schools-projects.org/wda/about/wda-april-2015-international-music-video-competition/