Moj НРП

Проект 50-50 помеѓу општините и Градот Скопје со градинките и училиштата

Проектот 50-50 е дел од Програмата преку кој се развива соработката помеѓу училиштата и градинките со општините и Градот Скопје со цел да се добијат финансиски заштеди.

Со реализација на овој проект училиштата и градинките имаат можност да ги намалат трошоците за енергија, вода и отпад работејќи и делувајќи според воспоставените еко-стандарди. При тоа, децата, учениците, воспитувачите, наставниците и сите вработени преземаат поголема одговорност во нивните училишта, градинки и локалната заедница.

 За успешна реализација на овој проект, потребна е поддршка и соработка од сите вработени во училиштето, учениците, родителите како и вработените во локалната самоуправа и бизнис заедницата. Во овој проект, училиштата, градинките и општините делуваат заеднички, затоа што и двете страни имаат заеднички економски цели-поточно заштеда.

Преку овој проект, 50% од заштедените средства остануваат во училиштето или градинката за следната буџетска година и треба да бидат повторно инвестирани во нова опрема или нови материјали кои ќе донесат нова заштеда во следната година. Останатите 50% од заштедените средства се трошат за иста намена во локалната самоуправа.

КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ:

Општините и Градот Скопје треба да водат евиденција за тоа колку од образовните институции се еко-училишта или еко-градинки и колку средства заштедуваат на годишно ниво, работејќи согласно воспоставените еко-стандари и седумте чекори еко-менаџмент. Исто така, треба континуирано да вршат надгледување на работата на градинките и училиштата во спроведувањето на Програмата и да ја контактираат канцеларијата на Програмата при Министерството за образование и наука за да ги подигнат прашалниците за евалуација на градинките и училиштата.