Moj НРП

Светски ден на акција 2016

Светски ден на акција 2016

Програмата Еко-училиште е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува во 57 земји од целиот свет. Таа е насочена кон менаџирање на воспитно-образовните институции на начин кој не ѝ наштетува на животната средина. 
Во Република Македонија, Здружението на граѓани ОХО е национален координатор на програмата и истата, во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. ФЕЕ, по петти пат, ги организира Светските денови на акција  на меѓународно ниво за сите училишта и градинки  кои ја спроведуваат оваа програма.
Учениците и наставниците се поканети да осмислат нови идеи кои ќе ја подигнат свеста, ќе создадат позитивна промена и ќе придонесат кон заштита на животната средина. Овие идеи ќе се реализраат на одреден датум по ваш избор во периодот помеѓу 18 – 24 април 2016, познати уште како Светски денови на акција. 
Училиштата се поканети да ги споделуваат своите идеи за акција и успешни  приказни на веб страната на Светските денови на акција и како и на социјалните медиуми.Светските денови на акција се отворени за сите. Училиштата и учениците кои не се членови на мрежата се истотака добредојдени да се вклучат. Придружете им се  на илјадниците ученици и наставници од целиот свет и покажете дека заедно можеме да направиме промена.

 
 
 
 
 
 
 
 
Регистрирајте го вашето училиште или градинка на следниот линк:
http://www.ecoschools.global/global-action-days/register/

Бидете инспирирани и споделете ги вашите активности на следниов линк:
https://www.facebook.com/groups/683208545141374/ 

ВАЖНО: Пред да го регистрирате вашето училиште/градинка на горенаведениот линк, ве замолуваме да испратите е-маил на следнава адреса: eko-mreza@mon.gov.mk, каде ќе го наведете името на вашето училиште/градинка, општина, и краток опис на активноста. Училиштата и градинките кои ќе се вклучат во Светските денови на акција ќе добијат електронски сертификат за учество.