Moj НРП

Пријавување за наградување на еко-училишта и еко-градинки

Пријавување за наградување на еко-училишта и еко-градинки



Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“  (во понатамошниот текст Програматa) се имплементира преку канцеларијата во Министерството за образование и наука на Република Македонија, согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка. 
Програмата ја спроведува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО како организација со долгогодишно искуство во областа на заштитата на животната средина и еколошката едукација. 

Главна придобивка од Програмата е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки кои ја усвоиле заштитата на животната средина како една од основните вредности во својот развој и управување. Со членство во мрежата, еко-училиштата и еко-градинките добиваат можност за учество во национални и интернационални натпревари, можност за аплицирање со проекти, можност за добивање финансиска поддршка од ОХО, поврзување со училишта и градинки од регионот и пошироко и многу други поволности. 

За таа цел, ОХО како имплементатор на Програмата, распишува конкурс за наградување на училишта и градинки за бронзено ниво, сребрено ниво и ниво на зелено знаме.

Услови за пријавување на конкурсот за наградување

 Училиштето/градинката се вклучени во една од трите учебни години од имплементацијата на Програмата (учебна 2010/2011, 2011/2012 или 2012/2013).
 Училиштето/градинката имаат учествувано на сите обуки организирани од Програмата (обука за директори, обука за претставници од педагошко-психолошката служба на училиштата/градинките, обука за наставник/воспитувач координатор).
 Училиштето/градинката целосно ги реализирале седумте чекори еко-менаџмент со активно вклучување на децата/учениците, вработените и родителите.
 Училиштето/градинката има потпишано Меморандум за соработка со општината.
 Училиштето/градинката ја има вклучено Програмата во Годишната програма за работа преку интегрираното планирање на точките на акција од еко-стандардите. 
Пријавување 

Училиштата/градинките можат да се пријават исклучиво по електронски пат на следниве врски: 
1. Аплицирање за статус од Програмата на ниво на зелено знаме
http://www.oxo.mk/index.php?module=answers&action=mailink&contact_id=9ED945CA-D9DB-4CDF-91C2-604DA17BF262&questionary_id=A6251B98-8F02-4870-9E7B-37BEA17788AB
2. Аплицирање за статус од Програмата - сребрено ниво
 http://oxo.mk/index.php?module=answers&action=mailink&contact_id=9ED945CA-D9DB-4CDF-91C2-604DA17BF262&questionary_id=9A37F9D0-F449-47ED-A3ED-7975C942AA5D
3. Аплицирање за статус од Програмата - бронзено ниво
http://oxo.mk/index.php?module=answers&action=mailink&contact_id=9ED945CA-D9DB-4CDF-91C2-604DA17BF262&questionary_id=825548C4-0D37-4B76-AD2D-DD7B4A6A8F50

Документите и податоците кои ќе ги прикачувате на електронската апликација треба да соодветствуваат на реализацијата на Програмата во учебната 2015/2016 година. Електронското пријавување можете да го направите само еднаш (без враќање назад и зачувување) и тоа со пополнување на сите полиња и прикачување на сите барани прилози.
Училиштата/градинките можат да аплицираат за едно од нивоата на наградување исклучиво електронски на оваа врска најдоцна до 15.01.2017, до 24:00 часот. После оваа време електронското пријавување ќе биде затворено и нема да можете ниту да се пријавувате, ниту да додавате прилози.
Забелешка: Училиштето/градинката може да аплицира само за едно ниво на наградување од Програмата. Доколку согласно условите не ги исполни критериумите за нивото за кое аплицира, ќе има можност повторно да аплицира следната учебна година. Училиштата/градинките кои беа наградени со сребрено ниво и бронзено ниво на конкурсот во 2015/16 година имаат право оваа година да се пријават за ниво на зелено знаме доколку ги исполнуваат соодветните услови и критериуми. Истовремено, се поттикнуваат училиштата и градинките кои се стекнале со одреден статус од Програмата во учебната 2014/2015, повторно да аплицираат на овогодинешниот конкурс.
Важно: Општината во која се наоѓа училиштето/градинката, треба да има платено годишна членарина за истото. Годишната членарина е различна за секое од трите нивоа на наградување: 100 евра за зелено знаме, 75 евра за сребрено ниво и 50 евра за бронзено ниво. Оваа ставка се однесува само на градинките и основните училишта. Средните училишта издвојуваат финансиски средства за годишна членарина од буџетот на училиштето.
Училиштата/градинките на кои ќе им биде одобрена апликацијата за некое од нивоата на наградување, ќе треба во рок од 10 дена по одобрувањето, откако ќе добијат официјално писмено известување, да ги уплатат финансиските средства за нивото за кое аплицирале.

Училиштата/градинките кои ќе бидат наградени за нивото за кое аплицирале ќе бидат известени преку официјалната е-пошта на Програмата: eko-mreza@mon.gov.mk, најдоцна до10.02.2017 година. 
За дополнителни прашања, користете ја исклучиво електронската комуникација (е-пошта: eko-mreza@mon.gov.mk ).