Moj НРП

Резултати од конкурсот за наградување на еко-училишта и еко-градинки

Резултати од конкурсот за наградување на градинки, основни и средни училишта на ниво на зелено знаме, сребрено и бронзено ниво 
Ве известуваме дека на објавениот Конкурс за наградување на градинки, основни и средни учлилишта вклучени во првата, втората и третата година од имплементацијата на Програмата„Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ право на пријавување имаа 51 детска градинка, 359 основни училишта и 100 средни училишта. 
Заклучно крајниот рок 15.01.2017 година на електронската апликација се пријавија 29 училишта и градинки.
Одлуката за наградување на градинките, основните и средните училишта кои навремено аплицираа е направена согласно наведените услови во конкурсот, а потоа согласно наведените критериуми за наградување за секое ниво одделно, односно за зелено знаме, сребрено и бронзено ниво.

Во прилог е листа со сите пријавени и наградени апликации:

ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ
ООУ „Славејко Арсов“ Штип 
ОСУ ,,Ацо Русковски" Берово
СОУ„Ванчо Прке“ Виница 
ЈУДГ„Буба Мара“ Аеродром 
ЈОУДГ„Гоце Делчев“ Илинден 
ООУ „Браќа Миладиновци“ Аеродром 
ОУ „Тодор Ангелевски“ Битола 
ООУ "Димката Ангелов Габерот" Кавадарци 
ООУ "Дане Крапчев" Гази Баба 
ООУ „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка 
ООУ „Славко Лумбарковски“ Новаци 
ООУ „Никола Петров - Русински“, Русиново Берово 
ООУ „ Дедо Иљо Малешевски“ Берово 
ООУ"Јан Амос Коменски" Карпош 
СУГС. „Гимназија Јосип Броз Тито“ Центар 
ЈОУДГ,,Гоце Делчев“ Пробиштип 
ОУ „Св.Кирил и Методиј“ Битола
ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ Центар 
ОУ,,Малина Поп Иванова“ Кочани 
ООУ„Св.Климент Охридски“ Македонски Брод 
ООУ „Страшо Пинџур“ с.Соколарци Чешиново-Облешево
ООУ„Гоце Делчев“ Кавадарци
ОУ„Св.Климент Охридски“ Битола
ООУ Наум Охридски, с. Булачани, Скопје Гази Баба
ООУ „ Страшо Пинџур “ Карбинци 

СРЕБРЕНО НИВО
ООУ„ Гоце Делчев“ Гостивар 
ОУ ,,Христијан Тодоровски Карпош“ Ранковце 
ООУ„Кочо Рацин“ Куманово 
ООУ„Кирил и Методиј“ Гази Баба