Moj НРП

Доделени грантови за еко грантови

Доделени грантови за еко грантови

На 23 март 2017 година во ЕУ Инфо центарот во Скопје, се одржа свеченост за доделување на грантови, која беше дел од „Програмата за мали грантови" за еко градинки. Финансиска поддршка за спроведување на еколошки проекти од „Програмата за мали грантови" беше обезбедена од Делегацијата на Европската Унија, како дел од кампањата „ЕУ за Тебе" на тема чиста животна средина со цел да се намали загадувањето и да се обезбеди чиста животна средина за сите.

„Програмата за мали грантови" се спроведува од Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО и има цел да ја промовира заштитата на животната средина преку поттикнување на еко градинките да развијат и имплементираат практични еколошки проекти на следниве теми: енергија, вода, управување со отпад и чист воздух. Преку проектот на 9 градинки им беа доделени грантови во висина од 1 000 €, 700 € и 500 €.

За време на овој настан, Амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија официјално ги додели грантовите на претставниците од еко градинките.

Како резултат на процесот на селекција од официјалниот повик од „Програмата за мали грантови“, беа наградени следниве 9 еко градинки:
Aстибо- Штип
Гоце Делчев- Пробиштип
Димче Мирчев- Велес
Вера  Циривири- Трена Штип
Детска радост- Гази Баба
Срничка- Аеродром
Гоце Делчев- Илинден
7 септември- Пехчево
Буба Мара- Аеродром