Moj НРП

Повик

Повик

Повик за регистрирање на интерес за учество на еднодневни обуки од програмата „Како да се стане еко училиште/градинка“

Ве известуваме дека во периодот од 09 - 19. октомври  2017 година, како дел од програмата Еко училиште/градинка, во организација на Здружение за едукација, комуникација и консалтинг ОХО ќе се реализираат еднодневни обуки наменети за наставници/воспитувачи кои се координатори на програмата во своите училишта и градинки. 
Доколку сте нов координатор на програмата во вашето училиште или градинка или сакате да ги обновите вашите знаење и информации за тоа како успешно да ја спроведете и координирате програмата, тогаш овие обуки се одлична можност за тоа.
Обуките ќе состојат од четири сесии за  тоа како функционира програмата Еко училиште со детален осврт кон:

 Mетодологијата на седумте чекори еко менаџмент, 
 Критериумите за достигнување на одреден статус од програмата (бронзено и сребрено ниво и ниво на зелено знаме) како и 
 Успешни приказни од останатите училшта и градинки 

Обуките ќе се одржат во хотел Порта, Скопје, со почеток од 9:30 до 18:00 часот.

Доколку постои заинтересираност за учество од страна на вашето училиште/градинка, ве замолуваме да го пријавите вашиот интерес најдоцна до 22.09.2017 година, на следнава е-пошта: vase@oxo.org.mk со испраќање на следниве информации: Име и презиме на координаторот, име на училиште/градинка и општина.

Врз основа на бројот на пријавени учесници, ќе биде изработен распоред со точен термин за еднодневните обуки, кој ќе ви биде испратени кон крајот на септември 2017. 

НАПОМЕНА: Котизација за учество за еднодневните обуки изнесува 3815 денари, во која се вклучени трошоците за четири сесии, храна, кафе и пијалоци за освежување на учесниците, материјали за работа на самата обука и сертификат за посетеност на обуката. 

За дополнителни прашања, ве замолуваме да се обратите на следнава е-пошта: vase@oxo.org.mk. 


Агенда



08:30 – 09:30 Пристигнување на учесниците
09:30 – 10:00 Воведно обраќање и презентација на програмата

10:00 –  11:00 Методологија на седум чекори еко менаџмент
(анализа на состојбата и формирање на еко одбор)

11:00 – 11:30 Кафе пауза
11:30 – 13:00 Методологија на седум чекори еко менаџмент
(план на активности и следење и евалуација)
 
13:00- 14:00 Ручек
14:00 – 15:30            Методологија на седум чекори еко менаџмент
(поврзување со наставна програма, информирање на поширока заедница и создавање на еко кодекс)
15:30 – 16:00   Кафе пауза
16:00 – 18:00               (Како да аплицирам за еко-училиште, критериуми, поволности од членството во мрежата)