Moj НРП

Еко Камп 2017

Еко Камп 2017

Од 19-22 јуни 2017 година се одржа Еко камп во Отешево на кој учествуваа победничките тимови на овогодинешниот Наградни конкурс „Еко пакет Македонија“ . На Наградениот конкурс „Еко пакет Македонија“ учествуваа 27 основни училиште со преку 80 уметнички дела изработени од селектирана Тетра пак амбалажа на тема „Светски знаменитости“.

На Еко кампот учениците и наставниците-ментори преку интерактивни игри и предавања учеа за важноста и начините на селекција на отпад, процесот на рециклирање и заштитата на животната средина. Посебно внимание беше посветено на реупотребата на Тетра пак амбалажата како отпад кој учениците целата учебна година го селектираа во своите училишта.