Moj НРП

Светски денови на акција

Светски денови на акција

Програмата Еко-училиште е интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спроведува во 57 земји од целиот свет. Таа е насочена кон менаџирање на воспитно-образовните институции на начин кој не ѝ наштетува на животната средина . 

Во Република Македонија, Здружението на граѓани ОХО е национален координатор на програмата и истата, во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. ФЕЕ, по шести пат, ги организира Светските денови на акција на меѓународно ниво за сите училишта и градинки  кои ја спроведуваат оваа програма.
Светските денови за акција претставува повик кој е наменет за сите ученици и наставници од целиот свет со цел да земат учество и да ги споделат нивните акции за поодржлив свет. Сите ученици и наставници од целиот свет може да се приклучат во овој настан. Како потрошувачи на енергија, производители на отпад, и корисниците на ресурси, училиштата можат да направат голем разлика. Покажи ги твоите идеи за тоа како да се заштити и да се зачува животната средина. Секоја активност се брои! Оваа година светски денови на акција ќе се организраат во 6 до 12 ноември. Регистрирајте се онлајн, испланирајте ја вашата акција, документирајте ја со креирање на фотографии, видеа или статии! Придружете се на Facebook групата Global Action Days, споделете ја вашата акција ... и инспирирајте ги другите!
Линк за регистрација: http://www.fee.global/registration/ #savethedates #globalactiondays #FEEGAD


Повеќе фотографии од активностите на училиштата можете да најдете на Facebook групата:  Global
Action Days Facebook page.