Moj НРП

Интернационален ден на наставата во природа

Врз основа на успехот на интернационалната кампања од 2016 година, вe поттикнуваме да бидете дел од интернационалната активност која започна на 18 мај и има за цел да ги поттикне децата од целиот свет на учење и игра во природата. Денот ќе биде прослава на она што веќе го правите но истовремено претставува и можност да ги инспирирате и другите училишта да се вклучат.


Секој кој го доживеал влијанието кое учењето и играта на отворено ги имаат врз децата знае колку можат да бидат моќни таквите искуства. 
Учење на отворено создава трајни сеќавања, помага да се изгради поголема свест за животната средина и создава можности за самостојно мислење. Децата се поактивни кога играат на отворено; тоа е од суштинско значење за нивниот здрав развој и уживање на детството.  На 18 мај, во оваа активност се вклучија над  50 училишта од Македонија. Следните датуми за спроведување на кампањата се во септември и октомври 2017. Прочитајте повеќе за активноста на електронската врска подолу.

https://outdoorclassroomday.com/?utm_source=facebook.com&utm_medium=referral&utm_campaign=Hey-Teacher-film-advert-12.04.17

ОУ.„Браќа
Миладиновци“ Скопје


ОУ.„Славејко Арсов“ Штип               

ОУ.„Никола Петров Русински“ Берово