Moj НРП

Trash Fashion 2018

Trash Fashion 2018

По повод Светскиот ден на животната средина 5 јуни, Здружението на граѓани ОХО oрганизира Trash Fashion – модна ревија на креации изработени со реупотреба на материјали.

Модната ревија Trash Fashion Macedonia се спроведува преку Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ и претставува натпревар наменет за средните училишта. Програмата ја имплементира Здружение на граѓани ОХО во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Целта на настанот, покрај приклучувањето кон светските напори и акции кои се спроведуваат на овој ден, е подигнување на свеста кај средношколците и пошироката заедница за значењето и зачувувањето на природата и реупотребата на отпадот.
Оваа идеја претставува еден начин со кој се анимираат учениците да се вклучат во изработка на облека и модни додатоци, со што тие стекнуваат знаења и навики за реупотреба на материјалите.
За таа цел, ОХО ги поканува сите средни училишта да учествуваат во овој натпревар со своите креативни модни дизајни изработени со реупотреба на природни или вештачки материјали.



Натпреварот ќе се одржи по седми пат во Македонија и претставува модна ревија во која учениците од средните училишта ќе имаат можност да изработуваат облека и модни додатоци со реупотреба на материјали (стара хартија, пластика, стара облека, кеси, цд-а, природни материјали и др.)
На Trash Fashion Macedoniа ќе се избираат најдобрите модни дизајни според претходно одредени критериуми.
Оваа година училиштата ќе се натпреваруваат на темата:
„Мода од иднината“
Упатство за учество:
1. Секое училиште испраќа еден тим составен од тројца ученици и еден наставник ментор,
кој ќе го претставува училиштето.
2. Креацијата и настапот на тимовите треба јасно да ја претставуваат темата на натпреварот.
3. На сцената е дозволено да учествуваат сите претставници на тимот доколку тоа е дел од
настапот.
4. Тимовите може да предложат своја музика за време на настапот.

На Trash Fashion Macedonia, ќе се избираат најдобрите креации според претходно одредени критериуми.
Trash Fashion Macedonia вклучува и собирање материјали за изработка на креацијата, скицирање и креирање
на самиот модел.

Училиштата кои сакаат да учествуваат на Trash Fashion 2018 треба прво да се регистрираат преку следниот
директен линк: ПРИЈАВА ЗА TRASH FASHION 2018 најдоцна до 1 Март 2018.
Сите регистрирани училишта ќе добијат одговор до 09.03.2018 и апликација за учество со упатство за
следните чекори.
Доколку имате некое прашање обратете се исклучиво со ипраќање на е-порака на trashfashion@oxo.org.mk

Trash Fashion Macedonia 2018 во организација на ОХО е поддржано од Пакомак и Град Скопје.