Moj НРП

„Мисија Воздух“

„Мисија Воздух“

До: Средните училишта на територија на Град Скопје
Предмет: Повик за вклучување- Проект „Мисија Воздух“- Млади репортери за животна средина
24.09.2018

I. Повик за пријавување 
Програмата „Млади репортери за животната средина“ е интернационална програма во сопственост на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спорведува како составен дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ и е наменета за средните училишта. Таа е дизајнирана и прилагодена на возраста, интересите и интелектуалните потреби на учениците и наставната програма за средното образование.
Како дел од националната и интернационалната мрежа на Млади репортери, а со цел да се заокружат активностите на младите репортери, се распишува конкурс од Проектот „Мисија Воздух“- Млади репортери за животна средина за избор на најдобрите новинарски статии, фотографии и видеа на темата аерозагадување.

II. Тема на повикот- Аерозагазување
„Млади репортери за заштита на животната срединa“ има за цел да создаде млади лидери кои преку креирање на новинарски дела (статија, видео и фотографија) и користење на социјалните медиуми како платформи за дистрибуција ќе можат да ја анимираат заедницата, да информираат за проблемите поврзани со аерозагадувањето, да поттикант дијалог во заедницата и да промовираат иновативни еколошки решенија. 
Повикот се однесува на сите средни училишта на територија на Град Скопје, каде учениците покрај тоа што ќе се стекнат со конкретни вештини (снимање и монтирање на видеа, фотографирање, пишување на статии и промовирање), ќе се стекнат знаења за причините за загадување на возухот, како аерозагадувањето придонесува за нарушување на здравјето, можи решенија, како во светски рамки се решаваат сличните проблеми, но најважно ќе станат свесни за фактот дека сите имаме свој удел во загадувањето и поради тоа треба да ги промениме нашите навики кои придонесуваат кон постоење на оваа појава.
Конкурсот го распишува Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО, како имплементатор на Програмата и на него може да учествуваат средношколци, здружени во тимови или индивидуално, под менторство на наставниците од своите училишта.
Конкурсот е наменет за сите ученици од средните  училишта од територија на Град Скопје.

III. Како можете да се пријавите на конкурсот
За да се учествува во овој натпревар, Вашето училиште треба да го следи следниве чекори:
Чекор 1: Под менторство на наставник од Вашето училиште, формирајте еден или повеќе тимови од неколку ученика или настапете индивидуално.
Чекор 2: При истражувањето на темата користете го пристапот „проблем-решение“ и создадете одреден новинарски производ (статија, фотографија или видео) кој потоа ќе го споделите со јавноста.
Чекор 3: Со цел вклучување на целата училишна заедница, сите вклучени средни училишта се поттикнуваат да организираат јавни дебати на темата аерозагадување. Ова ќе биде одлична можност за вклучените средни училишта да ја популаризраат темата кај своите врсници, да обезбедат нивна вклулченост и на тој начин да влијаат врз подигнување на свеста за темата заерозагадување на локално ниво.
Чекор 4: Создадете ја Вашата новинарска статија, фотографија или видео запис, користејќи ги насоките од наведени подолу во повикот и објавете ги во некој  медиум (локален или национален весник, веб-портал, училишен весник итн).
Чекор 5: Организрање на поединечни настани во самите училишта за промоција на новинарските дела. Средните училишта со цел да обезедат промоција на темата на локално ниво како и да учествуваат во подигнување на свеста на заедницата, се поттикнуваат да организраат самостојни настани на кои ќе ги промовираат своите дела, откако истите ќе бидат финализрани. Овие настани ќе бидат наменети за нивните соученици, родитеи, други невладини орагнизаии, бизнис секторот, претсавници од општините и медиуми.
За успешно истражување и спроведување на истото, Ве охрабруваме да соработувате со новинарските секции од Вашите училишта како и со новинари од локални или национални медиуми.
Чекор 5: Со цел да учествувате на националниот и интернационалниот конкурс од Програмата, испратете ги Вашата статија, фотографија или видео на: 
http://oxo.mk/index.php?module=answers&action=mailink&contact_id=9ED945CA-D9DB-4CDF-91C2-604DA17BF262&questionary_id=6849A47C-A127-4EE5-94E5-89DF79AFE607
најдоцна до 07. 11.2018 година.

IV. Избор на новинарски статии, фотографии и видеа
Најдобрите новинарски дела ќе бидат избрани во следниве категории:
- Новинарска статија
- Фотографија 
- Видео
Најдобрите статии, фотографии и видеа ќе бидат избрани согласно интернационалните критериуми. Статиите, фотографиите и видеата кои ќе победат на (прво место во сите три категории) ќе бидат испратени на интернационалниот конкурс од програмата Млади репортери за животната средина. 
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до  20. 11.2018 година.
Статиите и фотографиите кои ќе бидат избрани како најдобри и ќе учествуваат на интернационалниот натпревар од програмата Млади репортери за животната средина, треба да бидат преведени и на англиски јазик од страна на учениците. 

 V. Сертификати
Сите ученици и наставници кои ќе земат учество во натпреварот, како и победниците на националниот натпревар, ќе добијат електронски сертификат за учество.

 VI. Промотивен настан
По завршување на конкурсот се предвидува организрање на еден завршен настан/изложба, на кој ќе бидат прогласени победниците од повикот во трите новинарски категории (најдобро видео, статија и фотографија). 
На самиот настан ќе бидат поканети сите средношколци кои изработиле одредено  новинарско дело, како и нивните наставници, претставници од локалните самоуправи итн. Настанот ќе биде искористен за промоција на сите новинарски дела на ниво на Град Скопје и истовремено ќе претставува и изложба на сите дела. На сите први места во трите новинарски категории (статија,фотографија, видео) ќе им бидат доделени награди. Настанот ќе биде соодветно испормовиран медиумите.