Moj НРП

Самоевалуација, Интегрална евалуација и Екстерна евалуација

Воспоставени се три вида на следење и евалуација: самоевалуација, интегрална евалуација и екстерна евалуација.

За редовно следење и евалуација на напредокот на Програмата и реализацијата на Планот на активности на годишно ниво, воспитно-образовните иституции можат да го користат Анексот 4. од прирачникот „Како да се стане еко-училиште“ односно „Како да се стане еко-градинка“. Ваквото следење на напредокот и евалуацијата на годишно ниво е основа за самоевалуацијата, екстерната евалуација и интегралната евалуација.

Самоевалуацијата ја прави воспитно-образовната институција.
Целта на самоевалуацијата е да се следи сопствениот прогрес согласно законските одредби. За таа цел образовните институции при самоевалуацијата треба да ги вклучат и активностите од Програмата.
 
Екстерната евалуација ја вршат Општините и Градот Скопје.
Преку оваа евалуација општините се во тек со реализацијата на Програмата во училиштата и градинките. За успешно спроведување на екстерната евалуација треба да се користи формуларот за евалуација  преку кој се добиваат детални информации за состојбата во градинките и училиштата, како и за реализацијата на Програмата. 

Интегралната евалуација ја врши Државниот просветен инспекторат.
Програмата е вметната во седумте подрачја од интегралната евалуација преку дополнителен број на индикатори кои соодветствуваат на мерење на успехот од реализацијата на Програмата во училиштата.