Moj НРП

Надворешната евалуација на програмата Немаме резервна планета

Швајцарската агенција за развој и соработка, 2008 година

Извадоци од коментарите од надворешната евалуација на програмата Немаме резервна планета организирана во 2008 година од Швајцарската агенција за развој и соработка, реализирана од експерти од Швајцарија.

• ОХО продуцира дидактички материјали со висок квалитет кои се во согласност со возраста и развојот на децата.
• Дидактичките еко-материјали се во согласност со наставната програма. Бидејќи имаат интердисциплинарен карактер, дидактичките материјали можат да се употребуваат како дополнување на наставните содржини од официјалниот наставен план. 
• Методологијата која е користена за изработката на дидактичките материјали е иновативна, партиципативна  и интердисциплинарна. Оваа партиципативно учење е многу популарно кај наставниците и учениците и е многу поефективно отколку класичниот начин на учење.
• Илустрациите и цртежите ги привлекуваат и наставниците да најдат начин да одговорат на детските прашања. Комуникацијата која ОХО ја прави со децата и наставниците,  а која се однесува на еколошките прашања, е ефективна и со специфично одредени цели. 
• Децата напамет ги знаат сите пораки кои се наоѓаат во еко-календарите. Освен тоа, децата многу добро го знаат нивното значење.
• Дидактичките материјали поседуваат полова балансираност.
• Наставниците со задоволство ја прифаќаат програмата и ги користат дидактичките материјали.
• Наставниците се задоволни од обуките спроведени како дел од програмата која им дава конкретни алатки за водење на еко-акции во училиштата и подготовка на еко-проекти.
• Со оваа програма ОХО успеа да воспостави добра комуникациска стратегија и изгради јасен бренд имиџ во Република Македонија.
• ОХО користи стратегии кои водат кон успех. Има чувство за откривање и наоѓање на добри, сигурни и доверливи партнери. Додека другите организации ги развиваат навремено еколошките едукативни проекти, вредноста на ОХО е во тоа што тие работат континуирано на оваа тема веќе 10 години.