Moj НРП

ШТО Е ЕКО-ГРАДИНКА?

Еко-градинка е градинка кое ја усвоило заштитата на животната средина како една од основните вредности за управување и раководење.

Градинката покрај тоа што ги воспитува и едуцира децата на темата заштита на животната средина, ги едуцира и сите вработени во институцијата и пошироката заедница. Еко-градинката теоретското знаење го применуваат во пракса и при управувањето и раководењето ја земаат предвид состојбата и иднината на  животната средина.
Седумте чекори еко-менаџмент, четирите еко-стандарди или стандардите за одржлив развој кои доведуваат до конкретни и мерливи резултати за градинките и за пошироката заедница, како и деветте теми од областа на заштитата на животната средина се водечки принципи.