Moj НРП

НАСОКИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СЕДУМТЕ ЧЕКОРИ И ЕКО-СТАНДАРДИТЕ ВО ГРАДИНКАТА

За следење на реализација на точките на акција од еко-стандардите, како и спроведување на секој од чекорите, користете ги Анексите од прирачникот „Како да се стане еко-градинка”. Изработената Годишна програма за работа на градинката која го вклучува интегрираното планирање по теми и суб теми најдоцна до 1. октомври задолжително треба да се испрати до канцеларијата на Програмата по електронски пат на следната е-пошта: eko-mreza@mon.gov.mk.

Формирање на еко-одбор
1. Директорот го иницира формирањето на еко-одборот. 
2. Директорот номинира воспитувач-координатор на Програмата.
3. Еко-одборот треба да биде формиран со одлука од Управниот одбор на градинката. 

Анализа на состојбата на животната средина 
1. Анализата на состојбата на животната средина со помош на Анексите од прирачникот „Како да се стане еко-градинка” ја прави тим составен од воспитувач-координатор на Програмата и еко-одборот.
2. При изработка на Анализа на состојбата треба да се водите според воспоставените еко-стандарди.
3. Изработената Анализа ја дава состојбата од која се гледаат приоритетите на градинката за изработка на Планот на активности.

План на активности 
1. По резултатите од Анализата на состојбата тимот заеднички изработува План на активности со цел да се определат приоритетите и акциите кои треба да се преземат во текот на годината. 
2. Изработениот План на активности Еко-одборот го презентира пред директорот, вработените во градинката и стручниот совет на градинката. 
3. За спроведување на Планот на активности е одговорен директорот на градинката и тој делегира обврски за реализација на истиот. 
4. На совет се усвојуваат сите делегирани активности.
5. Како пример за изработка на Планот на активности можете да се послужите со Анексот даден во прирачникот „Како да се стане еко-градинка”.

Следење и евалуација на напредокот
1. Следењето и евалуацијата на Програмата во градинката ја прави директорот на градинката заедно со тимот составен од воспитувач-координатор и еко-одборот.

Поврзување со воспитната програма
1. Педагогот или психологот, заедно со стручниот тим прават план и програма за интегрирање на еко-стандардите и точките на акција како приоритети на градинката од Планот на активности во воспитната програма за работа на градинката. 
2. Еко-стандардите и деветте еколошки теми за работа нудат бројни можности за поврзување со темите и субтемите (поттемите) со програмата на градинката. 

Информирање и вклучување на пошироката јавност
1. Директорот определува вработени кои ќе ги презентираат резултатите и постигнувања на градинката пред родителите, децата, сите што помогнале во реализацијата на Програмата, општината и пошироката јавност. 
2. Директорот на градинката смислува стратегија за информирање на пошироката заедница за активностите на Програмата. Стратегијата треба да содржи: на која целна група ќе треба да се презентираат активностите, на каков начин ќе се презентира и информира и на кои средства за јавно информирање ќе се презентира и известува. 
3.  Веб-страниците редовно се дополнуваат со нови информации за Програмата.

Создавање на еко-кодекс
1. Педагогот, психологот, стручниот тим и координаторот на Програмата прават еко-кодекс или правилник за однесување на сите кои работат, престојуваат и ги користат просториите и дворот на градинката.