Moj НРП

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА НАГРАДА И НАГРАДУВАЊЕ

Мрежа на еко-градинка

Со членството на ОХО во интернационалната организација ФЕЕ (Фондација за еколошка едукација), се овозможува еко-градинката со статус (зелено знаме, сребрено и бронзено ниво) да станат дел од мрежата на еко-градинките. Во мрежата членуваат оние градинки кои покрај реализаиција на седумте чекори, точките на акција од еко-стандардите и интегрирањето на Програмата во Годишните програми за работа, покажуваат посебен интерес за постигнување на конкретни резултати кои водат до заштита на животната средина. Членството во мрежата се стекнува со добивањето статус на одредено ниво, со платена членарина на годишно ниво и со исполнување на одредени критериуми. Со членството во мрежата на еко-градинките, имаат можност да учествуваат во национални и интернационални натпревари, да аплицираат за проект, да добијат финансиска поддршка од ОХО и да се поврзат со други градинки на интернационално ниво.

ОХО на годишно ниво објавува конкурс за пријавување за наградување. Постојат три нивоа на наградување на еко-градинка во Програмата:

1. Првото и највисокото ниво на наградување- НИВО НА ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ.
Со зелено знаме се наградуваат еко-градинките кои ги реализирале седумте чекори еко-менаџмент преку систематичен и реално утврден план. Градинката ја има усвоено заштитата на животната средина како една од основните вредности преку воспоставување на еко-стандардите. Исто така, преку реализираните активности има постигнато мерливи и видливи резултати кои ги вклучуваат најголемиот број од точките на акција од еко-стандардите. Градинката континуирано интегрира содржини од деветте еколошки теми и точките на акција во Годишните програми за работа.  

Градинката има учествувано на сите обуки од Програмата (обука за директори, обука за претставници на педагошко-психолошката служба и обука за воспитувач -координатор).

Во еко-градинката сите придонесуваат и активно учествуваат за успешна реализација на Програмата. Еко-градинката има потпишано Меморандум за соработка со општината со кој се регулираат меѓусебните односи со цел подобрување на состојбата на животната средина во нивната заедница. Исто така имаат воспоставено добра соработка со јавните претпријатија, родителите и медиумите. Еко-градинката во креирањето на плановите ги вклучуваат сите кои учат и престојуваат, работат и со кои соработуваат при реализацијата на Програмата. 
Еко-градинката е економично и домаќинско раководено и управувано со јасни временски определени цели и задачи од кои може да се види вистинската посветеност при реализацијата на оваа Програма. 

Пријавување за награда

1. За зелено знаме, може да се пријави градинка со изработен еко- проект со кој се реализира конкретна акција кон животната средина, а истовремено придонесува за подобрување на условите во градинката. 
2. Градинката може да бидат пријавена од општината, како резултат на потпишаниот Меморандум за соработка. Општината треба да ја пријавиградинката за изработен проект при кој заеднички соработувале.

Врз пријавата на градинката ќе влијаат извештаите од спроведените евалуации (самоевалуација, екстерна и интегрална евалуација). 
Градинката кои ги исполнува највисоките критериуми за успешна реализација на Програмата ќе биде награденасо зелено знаме, сертификати од ФЕЕ (Фондација за еколошка едукација) како и сертификати за учесниците кои најмногу придонесле за реализацијата на Програмата. Покрај зеленото знаме, градинката може да добие и финансиска поддршка од ОХО за реализација на еко-проектите. 
Градинката наградена со зелено знаме може да учествува во интернационални конкурси, натпревари и проекти преку членството на ОХО во интернационалната мрежа на организации за едукација и заштита на животната средина.
Добиеното зелено знаме има важност две години. Во текот на двете години, градинката треба да го одржи статусот односно континуитетот и квалитетот на работата. Во спротивно, зеленото знаме може да биде одземено. 

2. Второто ниво на наградување- СРЕБРЕНО НИВО. 
Со сребрено ниво се наградуваат еко-градинката која делумно ја имплементира Програмата, а ги реализира седумте чекори еко-менаџмент без претходно подготвен план. Градинката се стреми кон подобрување на состојбата на животната средина и делумно ги реализира точките на акции од еко-стандардите. Исто така, повремено реализира активности со кои постигнуваат делумни резултати. Градинката  делумно интегрира содржини од деветте еколошки теми и точките на акции во Годишните програми за работа.

Градинката има учествувано на сите обуки од Програмата (обука за директори, обука за претставници на педагошко-психолошката служба и обука за воспитувач-координатор).

Делумно или поголем дел од персоналот, децата, родителската заедница и вработените се информирани за реализацијата на Програмата во градинката, но повремено се вклучени во конкретни активности од Програмата.
Еко-градинката има воспоставено соработка со општината, јавните претпријатија, родителите и медиумите, но истите повремено соработуваат при реализацијата на конкретни активности од Програмата.
Еко-градинката е делумно економски и домаќински раководено и управувано, но не постојат јасни временски цели за реализација на конкретни активности од Програмата.

Пријавување за награда

Принципот за пријавување за награда или определување на нивото на градинката е ист како и горенаведениот (зелено знаме). 

Градинката која ги исполнува наведените критериуми за реализација на Програмата ќе биде наградена со сертификати од ФЕЕ (Фондација за еколошка едукација) како и сертификати за учесниците кои најмногу придонесле за реализацијата на Програмата. Покрај сертификатите за сребрено ниво, градинката може да добие и помала финансиска поддршка во однос на градинкита со зелено знаме од ОХО за реализација на еко-проектите. 
Еко-градинката наградена со сребрено ниво можат да учествува во интернационални конкурси, натпревари и проекти преку членството на ОХО во интернационалната мрежа на организации за едукација и заштита на животната средина.

3. Третото ниво на наградување- БРОНЗЕНО НИВО.
Со бронзено ниво се наградуваат еко-градинката која ја имплементираат Програмата, ги реализира седумте чекори еко-менаџмент меѓутоа не реализира редовни активности за постигнување на конкретни резултати. Градинката се залага за подобрување на состојбата на животната средина и реализира мал дел од точките на акции од еко-стандардите. Градинката интегрира мал број содржини од деветте еколошки теми и точките на акции во Годишните програми за работа.

Градинката  има учествувано на сите обуки од Програмата (обука за директори, обука за претставници на педагошко-психолошката служба и обука за воспитувач-координатор).

Мал дел од персоналот, децата,  родителската заедница и вработените се информирани за реализацијата на Програмата во градинката и нередовно се вклучуваат во конкретни активности од Програмата.
Еко-градинката има воспоставено соработка со општината, јавните претпријатија, родителите и медиумите, но истите повремено соработуваат при реализација на конкретни активности од Програмата.

Пријавување за награда

Принципот за пријавување за награда или определување на нивото на градинката е ист како и горенаведениот (зелено знаме). 

Градинката која ги исполнува наведените критериуми за реализација на Програмата ќе биде наградена со сертификати од ФЕЕ (Фондација за еколошка едукација) како и сертификати за учесниците кои најмногу придонесле за реализацијата на Програмата.
Еко-градинката наградена со бронзено ниво може да учествува во интернационални конкурси, натпревари и проекти преку членството на ОХО во интернационалната мрежа на организации за едукација и заштита на животната средина.