Moj НРП

Соработка со Државниот просветен инспекторат

Вклучување на индикатори за мерење на квалитетот на реализацијата на Програмата во Интегралната евалуација на Државниот просветен инспекторат.

Во периодот октомври- ноември 2010 година се реализираа три регионални презентации на Програмата за сите државни просветни инспектори во Р.Македонија во соработка со Државниот просветен инспекторат. На регионалните презентации државните просветни инспектори беа запознаени со Програмата, начинот на реализација, целите како и начините на вклучување на Програмата во интегралната евалуација.

Преку дискусиите и дадените предлози се заклучи дека преку работата на државните просветни инспектори се воспоставува целокупен систем на мониторинг и евалуација за реализацијата на Програмата со што се добива јасна слика за нејзиното спроведување, но и за конкретните активности што институциите ги преземаат во врска со Програмата. Со тоа од една страна се овозможува постојано надгледување на процестот на имплементација на Програмата, а од друга страна преку воспоставените индикатори се гледаат конкретните акции кои градинките и училиштата ги (не)прземаат за да постигнат конкретни резултати за подобрувања на животната средината, хигиената и заштедата. Со самото вклучување на Порграмата во интегралната евалуација на државните просветни инспектори се обезбедува и нејзина одржливост.

При интегралната евалуација што ја вршат државните просветни инспектори во текот на учебната година се внесуваат и коментари и забелешки и за реализаицијата на Програмата во сите седум подрачја. Извештаите од спроведената интегралната евалуација се од големо значење не само за училиштата туку и за Државниот просветен испекторат, за Министерството за образование и наука и за ОХО како имплементатор на Програмата.