Moj НРП

Соработка со Бирото за развој на образованието

Вклучување на советниците од Бирото за развој на образованието во реализаицјата на активностите од Програмата.

Бирото за развојот на образованието  директно е вклучено во имплементирањето на Програмата во Годишните програми за работа на градинките, основните и средните училишта. БРО на годишно ниво активно учествува во процесот за успешно интегрирање на еколошките содржини (точките на акција од еко-стандардите) во постоечките наставни планови и програми, односно воспитни програми преку ревизија на интегрираните планирања во наставата на градинките, основните и средните училишта. 

Претставници од БРО учествуваат при вршењето на обуките, изработката на дидактичките материјали како и при контролата на содржините од Програмата кои градинките, основните и средните училишта ги изработуваат со интегрираното планирање на наставата во Годишните програми за работа.