Moj НРП

Управен одбор на Програмата

Сите активности на Програмата се реализираат со одобрување на Управниот одбор.

Програмата на 15. јуни 2010 год. формираше Управен одбор составен од 9 (девет) членови, претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Здружението на граѓани ОХО, Швајцарската агенција за развој и соработка, Биро за развој на образование, Град Скопје, ЗЕЛС, Филозофски факултет и ОУ “Никола Карев“- Крушево. Претседател на Управниот одбор е г-дин. Љупчо Спасовски, поранешен раководител на сектор во Министерството за образование и наука.

Управниот одбор се сретнува минимум два пати годишно и активно учествува во предлагањето, усвојувањето и донесувањето одлуки за активностите на Програмата.