Moj НРП

ШТО Е РЕЛЈЕФНА УМЕТНОСТ (Land Art)?

Релјефната уметност (Land Art) претставува забавен и креативен начин на уметничко изразување и може да го направи секој.

Овој процес претставува создавање на уметничко дело користејќи материјали кои можат да се најдат во природата како што се лисја, гранки, цвеќиња, камења, шишарки, школки, песок и други природни материјали.
Со овој вид уметничко изразување можете да создате животни, разни шеми, цвеќиња и разни скулптури и истовремено со тоа да пренесете одредена еколошка порака до пошироката јавност.