Moj НРП

Trash Fashion

Trash Fashion

Од отпад до мода!

По повод Светскиот ден на животната средина 5. јуни, ОХО во 2011 година, покрена иницијатива за организирање модна ревија на креации изработени со реупотреба на материјали Trash Fashion Macedonia.

Trash Fashion-Macedonia, претставува натпревар наменет за средните училишта во Македонија кои се вклучени во Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за Образование и наука.

Целта на настанот, покрај приклучувањето кон светските напори и акции кои се спроведуваат на овој ден, е подигнување на свеста кај учениците и пошироката заедница за значењето и зачувувањето на природата и реупотребата на отпадот.

Оваа идеја претставува еден начин со кој се анимираат учениците да се вклучат во  изработка на облеки и модни додатоци, со што тие стекнуваат знаење и навики за реупотреба на материјалите.

#survey#

Trash Fashion 2018

Trash Fashion 2018

По повод Светскиот ден на животната средина 5 јуни, Здружението на граѓани ОХО oрганизира Trash Fashion – модна ревија на креации изработени со реупотреба на материјали.

Модната ревија Trash Fashion Macedonia се спроведува преку Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ и претставува натпревар наменет за средните училишта. Програмата ја имплементира Здружение на граѓани ОХО во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија.
Целта на настанот, покрај приклучувањето кон светските напори и акции кои се спроведуваат на овој ден, е подигнување на свеста кај средношколците и пошироката заедница за значењето и зачувувањето на природата и реупотребата на отпадот.
Оваа идеја претставува еден начин со кој се анимираат учениците да се вклучат во изработка на облека и модни додатоци, со што тие стекнуваат знаења и навики за реупотреба на материјалите.
За таа цел, ОХО ги поканува сите средни училишта да учествуваат во овој натпревар со своите креативни модни дизајни изработени со реупотреба на природни или вештачки материјали.



Натпреварот ќе се одржи по седми пат во Македонија и претставува модна ревија во која учениците од средните училишта ќе имаат можност да изработуваат облека и модни додатоци со реупотреба на материјали (стара хартија, пластика, стара облека, кеси, цд-а, природни материјали и др.)
На Trash Fashion Macedoniа ќе се избираат најдобрите модни дизајни според претходно одредени критериуми.
Оваа година училиштата ќе се натпреваруваат на темата:
„Мода од иднината“
Упатство за учество:
1. Секое училиште испраќа еден тим составен од тројца ученици и еден наставник ментор,
кој ќе го претставува училиштето.
2. Креацијата и настапот на тимовите треба јасно да ја претставуваат темата на натпреварот.
3. На сцената е дозволено да учествуваат сите претставници на тимот доколку тоа е дел од
настапот.
4. Тимовите може да предложат своја музика за време на настапот.

На Trash Fashion Macedonia, ќе се избираат најдобрите креации според претходно одредени критериуми.
Trash Fashion Macedonia вклучува и собирање материјали за изработка на креацијата, скицирање и креирање
на самиот модел.

Училиштата кои сакаат да учествуваат на Trash Fashion 2018 треба прво да се регистрираат преку следниот
директен линк:
ПРИЈАВА ЗА TRASH FASHION 2018 најдоцна до 1 Март 2018.
Сите регистрирани училишта ќе добијат одговор до 09.03.2018 и апликација за учество со упатство за
следните чекори.
Доколку имате некое прашање обратете се исклучиво со ипраќање на е-порака на trashfashion@oxo.org.mk

Trash Fashion Macedonia 2018 во организација на ОХО е поддржано од Пакомак и Град Скопје.

#survey#

Се избраа шестите победници на Trash Fashion Macedonia

Се избраа шестите победници на Trash Fashion Macedonia

На  2 јуни 2016 год. во Младинскиот Културен Центар – Скопје се одржа шестиот по ред Trash Fashion Macedonia 2016 натпревар на модни креации направени со редизајнирани материјали од отпад, кои ги изработија тимови од 38 средни училишта во Македонија.

Училиштата на сцената со настапи од по 60 секунди се претставија со модни креации на тема „Филмски и цртани ликови“ меѓу кои Ѕвончици, Пепелашки, Спајдермен, Ѓаволот носи Прада, Малефисиенти и многу други изработени од различни видови отпад: пластични кеси, хартија, жици, старо компјутерско столче. 

Годинава, тричленото жири во состав: Бранислава Јанковска – Fashion Lover, Катарина Ивановска – светски познатата манекенка и Бојан Трајковски – фронтменот на музичката група “Eye Cue”  избраа првите три места:

Прво место за тимот од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје, со креацијата наречена „She-Edward“ изработена од копчиња од тастатури, најлонски јажиња, патенти и кабли. Второ место од училиштето ДУЦОР "Партенија Зографски"од Скопје, со креацијата „Мајкл Џексон“ изработена од најлон, картон, селотејп, изолир траки, хартија. Третото место отиде во рацете на СОУ „Наум Наумовски - Борче“ од Крушево кои се претставија со креацијата „Кралица Елизабета“ изработена од отворачи за лименки, пластични кеси, хартија и жица. Наградниот фонд го обезбедија Божиновски и Еуро-Екопак ДОО кои доделија вредносни ваучери на победничките тимови.

Trash Fashion Macedonia 2016 е во организација на „Здружението на граѓани ОХО,“ и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,“ а се оддржува по повод 5-ти jуни - Светскиот ден на животната средина и е единствен настан во регионот од ваков вид, кој веќе пет години по ред предизвикува огромно внимание во домшаните и странските медиуми.

 
 
 
 
 
 
 
 

#survey#

Trash Fashion Macedonia 2016

Trash Fashion Macedonia 2016

По шести пат оваа година Здружението на граѓани ОХО организира Trash Fashion Macedonia 2016, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали, наменет за сите средни училишта кои се вклучени во програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Целта на Trash Fashion Macеdоnia е на иновативен начин да ги поттикне средношколците да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба. 
Trash Fashion Macedonia е единствен настан од ваков вид во Македонија, за кој покрај македонските медиуми, објавуваат и повеќе светски медиуми како The Telegraph, Guardian, World Fashion и Gironalettisimo. 

Оваа шеста година, за прв пат учениците своите креации ги работат на тема „Филмски и цртани ликови“ со можност да се претстават со настап од најмногу 60 секунди. 
Прво, второ и трето место годинава ќе додели тричленото жири во состав: Бранислава Јанковска од Швајцарска Агенција за Развој и Соработка, Катарина Ивановска - светски познатата манекенка и Бојан Трајковски – фронтменот на Eye Cue.

За време на гласањето ќе настапат ученици на музичкото училиште Music House, a со своја танцова точка ќе ни се претстават членовите на Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца.

Trash Fashion Macedonia 2016 ќе се одржи на 2 јуни 2016 од 17 ч. во МКЦ, по повод Светскиот ден на животната средина и на настанот ќе учествуваат тимови од 38 средни училишта во Македонија кои веќе четири месеци минуваат низ процесот на собирање, рециклирање и изработка на своите оригинални модни дизајни. 

Facebook: https://www.facebook.com/Trash-Fashion-Macedonia-365164750179771/?fref=ts

#survey#

По четрвт пат во Македонија, избрани најдобрите модели направени од отпад

По четрвт пат во Македонија, избрани најдобрите модели направени од отпад

На 5ти јуни 2014 во Младинскиот Културен Центар во Скопје се оддржа четвртиот по ред Trash Fashion Macedonia.
На настанот се натпреваруваа 45 средни училишта со модни креации изработени со редизајнирани материјали од отпад кои на писта направена од стари водоводни цевки и пропратени со роботизирани аудио-визуелни ефекти се претставија со својот комплетен настап.  
Членовите на жирито во состав Франк Видеркер, регионален советник во Амбасадата на Швајцарија, Александра Младеновска-Костиќ,  директор на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”, Росица Мршиќ - моден креатор, Тони Зен и Цаци Паковска – стилист доделија четири награди:
Наградата за најдобар моден додаток за ланче изработено од стари цд-а ја доби училиштето „Димитрија Чуповски“ од Велес. Третото место го доби моделот „Касилеи“ од училиштето „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, за креација изработена од фискални сметки и корсет од кибрити. Второто место го доби училиштето „Никола Карев“ од Скопје за моделот „Марија Антоанета“ изработен од картони и кутии за јајца. Првото место го освои моделот „Not another princess” од училиштето „Јосип Броз Тито“ од Скопје, изработен од искористени ленти од апчиња и стари крпи. 
Наградниот фонд на Trash Fashion Macedonia го обезбедија партнерите: Стопанска Банка Фабрес, Божиновски и ОХО.  
Македонскиот моден сајт Stylist.mk во рамки на Trash Fashion Macedonia 2014 пред 150 ученици одржа работилница за редизајнирање на стари парчиња облека и модни додатоци и направи street style фотосесија која ќе биде објавена на нивниот сајт. 
Оваа година тимовите за изработка на своите модели, собраа преку 1000 килограми различни видови отпад, односно, реупотребени се околу 2500 капачиња, 500 најлонски кеси, 30 килограми стара хартија, стар електронски отпад и др.
Trash Fashion Macedonia 2014 се оддржа по повод 5-ти jуни - Светскиот ден на животната средина, а оваа година е дел и од настаните на листата на Обединетите Нации – програмата за животната средина UNEP. 
Целта на овој настан е подигнување на општествената свест за зачувување на природата и намалување на отпадот преку негова реупотреба. 
Trash Fashion Macedonia 2014 е во организација на „Здружението на граѓани ОХО,“ и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,“ која се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за образование и наука на Република Македонија.
На следниот линк можете да ги превземете фотографиите од победничките модели:
https://drive.google.com/folderview?id=0B2ZcTY3EudPdQmJ2TEwycEJSWEU&usp=sharing  а пак на facebook страницата на TrashFashion можете да ја видите фотосесијата на сите модели посебно: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.846184422077799.1073741828.365164750179771&type=1 

Со почит,  ОХО

#survey#

Trash Fashion Macedonia 2013

Trash Fashion Macedonia 2013

Задоволство ни е да ве информираме дека на 05.Јуни 2013год. (среда) во Младинскиот Културен Центар- Скопје, со почеток во 17.00 часо по трет пат ќе се одржи Trash Fashion Macedonia 2013. 

На заедничко големо задоволство за прв пат Trash Fashion Macedonia 2013 ќе се пренесува во живо на интернет страниците www.idividi.com.mk и www.nrp.org.mk . 
Сега, сите од цела Македонија ќе можете да го следите настанот онлајн.

Trash Fashion Macedonia e натпревар на модни креации изработени со редизајнирани материјали од отпад кои ги изработија тимови од 47 средни училишта во Македонија.  

Оваа година ќе видиме уште поразновидни дизајни: фустани од тоалетна хартија, корсет од бакарни жици, чанта од компјутерска тастатура и обувки од моливи и копчиња, се само дел од материјалите кои учениците ги користеа во изработка на креациите. 

Откако петчленото жири ќе ги прогласи првото, второто и третото место ќе има забава со една од најпознатите македонски музички групи, која ќе остане изненадување за сите присутни. 
Целта на овој настан е подигнување  на  општествената свест за значењето и зачувувањето на природата, со намалување на отпадот преку неговата реупотреба.

Покрај учениците и нивните ментори на настанот ќе присуствуваат високи претставници од меѓународни инситуции и од успешни македонски компании.
Trash Fashion Macedonia 2013 е во организација на Здружението на граѓани ОХО и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка   и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

#survey#

Покана за учество на Trash Fashion 2013

Покана за учество на Trash Fashion 2013

По повод Светскиот ден на животната средина 5 јуни, Здружението на граѓани ОХО  организира Trash Fashion – модна ревија на креации изработени со реупотреба на материјали. 
 
Модната ревија Trash Fashion претставува натпревар наменет за средните училишта кои се вклучени во Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја импелемнтира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука. 
 
Целта на настанот, покрај приклучувањето кон светските напори и акции кои се спроведуваат на овој ден, е подигнување на свеста кај учениците и пошироката заедница за значењето и зачувувањето на природата и реупотребата на отпадот.  
 
Оваа идеја претставува еден начин со кој се анимираат учениците да се вклучат во  изработка на облека и модни додатоци, со што тие стекнуваат знаење и навики за реупотреба на материјалите.  
 
За таа цел, ОХО ги поканува сите државни и приатни средни училишта да учествуваат во овој натпревар со своите креативни модни дизајни изработени со реупотреба на природни или вештачки материјали. 
 
За каков натпревар станува збор? 
 
Натпреварот ќе се одржи по трет пат во Македонија и претставува модна ревија во која учениците од средните училишта ќе имаат можност да изработуваат облека и модни додатоци со реупотреба на материјали (стара хартија, пластика, стара облека, кеси, цд-а, природни материјали и др.)  
 
На Trash Fashion, ќе се избираат најдобрите модни дизајни според претходно одредени критериуми. 
 
Оваа година секое училиште ќе може да учествува  и да се претстави со еден моден дизајн кој ќе го изработуваат тим ученици водени од училишниот  ментор/наставник.  
Оваа активност вклучува собирање материјали за изработка на облеката и модните додатоци, скицирање и креирање на самиот модел.  
Како вашето училиште да учествува на Trash Fashion 2013? 
 
Училиштата кои сакаат да учествуваат на Trash Fashion 2013 треба прво да се регистрираат на веб страната на  www.nrp.org.mk , во делот Конкурси Trash Fashion 2013 (директен линк: http://www.nrp.org.mk/trashfashion.aspx?cid=223&l=5&scID=223 ) 
најдоцна до 22 Февруари 2013 до 12 часот.   
 
Сите регистрирани училишта ќе добијат одговор до 01.03.2012 и апликација за учество со упатство за следните чекори.  
 
Доколку имате некое прашање обратете се исклучиво со ипраќање на е-порака на trashfashion@oxo.org.mk 
 
ВАЖНО: училиштата кои нема да извршат регистрација до предвидениот рок и исклучиво преку приложениот линк на веб страната, нема да имаат можност да учествуваат на Trash Fashion 2013. 


#survey#