Moj НРП

Еко-камп 2012 година

Еко-камп 2012 година

Пониква,Осогово 11.06 - 14.06.2012 година

По повод Меѓународниот ден за заштита на планетата Земја 5. јуни, Здружението на граѓани ОХО, како дел од програмата “Интеграција на еколошкото едукација во македонскиот образовен систем” организираше натпревар за рејлефна уметност. Право на учество на овој натпревар имаа основните училишта кои се членови на мрежата на еко-училишта (училишта кои добиле зелено знаме, сребро или бронзено ниво). Целта на овој натпревар и покрај напорите да се вклучиме во глобалните активности кои се спроведуваа на овој ден, е и да се подигне свеста кај учениците за важноста и потребата за заштита на природата.

Исто така, овој натпревар ги воведува училишта и учениците во формата на изразување која се нарекува релјефна уметност како можност за пренесување на пораки за заштита на  животната средина преку работа со природни материјали.
На натпреварот учествуваа 23 основни училишта со ученици од 6-то одделение, при што секое училиште имаше право да пријави најмногу 3 тима.
Тимовите кои ги исполнија критериумите за најдобро дело, беа наградени со учество на еко-камп, кој се одржа во периодот од 11.06 до 14.06.2012 на Осогово.
Од вкупно 33 пријавени тимови, 8 тима од 7 основни училишта добија можност да учествуваат на еко-кампот.
Еко-кампот се состоеше од четири дена исполнети со еколошка едукација, спортски активности и забава за учесниците.
Неговата цел беше учесниците да научат зошто и како треба да се грижат за животната средина и природата, но и за себе и за своето здравје, практикувајќи спортски активности, а истовремено да научат и дека наставата во природа е успешен метод кој може да се примени во процесот на еколошката едукација и наставата воопшто.

Целта на еко-кампот беше реализирана, учесниците имаа можност да се стекнат со практични знаења од областа на заштитата на животната средина како што се: како и зошто треба да рециклираат хартија и воопшто дека можат да ги реупотребуваат материјалите, зошто и како треба да ги чуваат шумите и зошто е важен здравиот стил на живеење.
Со ваквиот пристап на организирање на настава во природа кај учениците се зајакнуваат одредени кактеристики како што се: чувството за тимска работа и соработка, навременост и редовност, а истовремено се развива и креативноста кај учениците.