Moj НРП

Одржување на зградата и здрава средина во училиштето и градинката

Изјава ОДРЖУВАЊЕ НА ЗГРАДАТА И ЗДРАВА СРЕДИНА ВО УЧИЛИШТЕТО И ГРАДИНКАТА.
Полиса Здрава и чиста внатрешна средина за учење и работење.
Цели Обезбедување на здрави услови за работење и престој во училиштето и градинката.

Точки за акција
1. Ослободување од непотребните предмети во зградата (скршени клупи, саксии, вазни, табли, стари и исушени цвеќиња и слично).
2. Чистење на ходниците (по секоја смена), канцеларии, училници и фисклутурни сали (соблекувални, санитарни јазли и слично) со различни крпи.
3. Чистење на ходници, канцеларии, училници и фисклутурни сали со еколошки или нетоксични средства.
4. При бојадисување на ѕидовите се користат еко-бои или бои наречени ИОС (испарливи органски соединенија).
5. Разубавување на ходниците, канцелариите и училниците со цвеќиња.
6. Истакнување на упатства за одржување на зграда и здрава средина во училиштето и градинката во сите простории.
7. Назначување на одговорни лица согласно бројот на паралелки и смени во училиштето, односно бројот на групи во градинката за спроведување на горенаведените точки на акција.
8. Формирање на еко-патроли (група на ученици, односно деца) вклучени во реализација на точките на акција, кои ќе го следат, надгледуваат и ќе го контролираат процесот на имплементација на овие активности.

Индикатори
1. Извештај за бројот на отстранети непотребни предмети во зградата.
2. Број на означени крпи за чистење на: под, столарија, прозорци, тоалет и друго и посебни места на чување на крпите.
3. Средства на кои е истакнато дека се еколошки или број на означени садови (шишиња, тегли и слично) со нетоксични средства за чистење.
4. Документ (нарачка, испратница и слично) на кој јасно се гледа нарачката и видот на бојата.
5. Број на добро одржани саксиски цвеќиња.
6. Број на истакнати упатства за одржување на зградата и здрава средина во училиштето и градинката во сите простории.
7. Имиња на одговорните лица и извештај за спроведување на горенаведените точки на акција.
8. Листа со имиња на членовите на еко-патролата и број на спроведени акции.

КРАЕН РЕЗУЛТАТ ЗДРАВА И ЧИСТА СРЕДИНА ЗА УЧЕЊЕ И РАБОТЕЊЕ ВО УЧИЛИШТЕТО И ГРАДИНКАТА.