Moj НРП

Заштеда на енергија

Полиса: Рационално користење на електричната и топлинската енергија.
Цели: Намалување на потрошувачката на електрична енергија за 10%  во споредба со претходната година.

Точки за акција
1. Замена на сите светилки со енергетско штедливи светилки.
2. Санирање или замена на прозорците и вратите.
3. Поставување на калориметри и тајмери за регулирање на температурата во зградата.
4. План за намалена потрошувачка на изворите за греење (дрво, нафта и слично) - рационално користење и планирање на изворите за греење.
5. Воведување на едносменско работење во зимскиот период (во училишта каде што има услови).
6. Редовно чистење на прозорците (еднаш неделно) за максимално искористување на сончевата енергија.
7. Истакнување на упатства за рационално користење на електрична и топлинска енергија.
8. Назначување на одговорни лица согласно бројот на паралелки и смени во училиштето, односно бројот на групи во градинките за  спроведување на горенаведените точки на акција.
9. Формирање на еко-патроли (група на ученици, односно деца) вклучени во реализација на точките на акција, кои ќе го следат, надгледуваат и контролираат процесот на имплементација на овие активности.

Индикатори
1. Број на енергетско штедливи светилки во зградата.
2. Број на санирани или заменети со нови, врати и прозорци.
3. Број на поставени калориметри и тајмери.
4. Изготвен план на активности за намалена потрошувачка на дрво, нафта, енергија и слично; според сметки и количина на набавена нафта и дрва во споредба со претходната година.
5. Воведено едносменско работење во училишта каде што е тоа можно.
6. Чисти прозорци.
7. Број на истакнати упатства за рационално користење на електрична и топлинска енергија во зградата.
8. Имиња на одговорните лица и извештај за  спроведувањето на горенаведените точки на акција.
9. Листа со имиња на членовите на еко-патролата и број на спроведени акции.


КРАЕН РЕЗУЛТАТ 10% НАМАЛЕНИ СМЕТКИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНА И ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ВО СПОРЕДБА СО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА.