Moj НРП

Заштеда на вода

Изјава: ЗАШТЕДА НА ВОДА
Полиса: Рационално користење на водата во училиштата и градинките.
Цели: Намалување на потрошувачката на вода за 10%  во споредба со претходната година.

Точки за акција:

1. Анализа на состојбата на водоводната инсталација (цевки, славини, казанчиња и слично).
2. Замена и санирање на сите нефункционални чешми во зградата. 
3. Замена и санирање на старите тоалетни казанчиња со нови штедливи тоалетни казанчиња. 
4. Обезбедување на техничка вода за одржување на зелените површини во дворот со поставување на буриња или цели инсталации за собирање на дождовницата (оваа вода ќе се користи за наводнување на зеленилото, чистење на дворот и слично). 
5. Истакнување на упатства за рационално користење на водата.
6. Назначување на одговорни лица согласно бројот на паралелки и смени во училиштето, односно групи во градинките за  спроведување на горенавдените точки на акција. 
7. Формирање на еко-патроли (група на ученици, односно деца) вклучени во реализација на точките на акција, кои ќе го следат, надгледуваат и го контролираат процесот на имплементација на овие активности. 

Индикатори:

1. Извештај од анализата на состојбата на водоводната инсталација (цевки, славини, казанчиња и сл.). 
2. Број на нови и санирани чешми (сензорски, автоматски, со педали и сл). 
3. Број на нови и санирани штедливи тоалетни казанчиња. Казанчиња од кои не истекува вода неконтролирано. 
4. Број на поставени буриња или инсталација во дворот за собирање на дождовницата. 
5. Број на истакнати упатства за рационално користење на водата.
6. Имиња на одговорните лица и извештај за  спроведување на горенавдените точки на акција. 
7. Листа со имиња на членовите на еко-патролата и број на спроведени акции. 

КРАЕН РЕЗУЛТАТ: 10% НАМАЛЕНИ СМЕТКИ ЗА ВОДА ВО СПОРЕДБА СО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА.